Насловна / Арт и дизајн / Bacus – количка за пијалоци од Иан Синклер

Bacus – количка за пијалоци од Иан Синклер

Креирана од дизајнерот за мебел и осветлување Иан Синклер за неговиот истоимен бренд, Bacus е количка што функционира и како мебел за одлагање и како барска количка што послужува пијалоци.

2

Bacus е направен од алуминиумски лим во форма на буквата С со тенка шипка во средина. Корисниците можат да постават кружни послужавници на шипката на прилагодливи висини.

Количката има тесен профил дизајниран да се вклопи покрај кујнските работни површини и тркала што се заклучуваат за лесно маневрирање.

1

„Bacus е елегантна и сестрана машина за послужување со прилагодливи полици и достапни функции за вино, чаши за коктели и алатки за бар“, вели Синклер и додава: „Bacus е подеднакво погоден за послужување чаеви и како мебел за општа намена кој е многу функционален во домови, канцеларии, хотели и ресторани“.

Алуминиумската количка е достапна во сатенска или мат црна или бела завршна обработка и доаѓа со компоненти дизајнирани за послужување пијалоци, вклучувајќи држачи за чаши и послужавници за одлагање што се извлекуваат.

3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top