Насловна / Архитектура / Човечкото тело како мерна единица во светот што не опкружува

Човечкото тело како мерна единица во светот што не опкружува

Во далечната 1948 година, Ле Корбизје ја објавил една од неговите најпознати публикации, Модулар, а потоа неколку години подоцна го издал Модулар 2. Во овие текстуални изданија, архитектот ја изразил својата поддршка на истражувањата на неговите претходници, Витрувије, Да Винчи и Батиста Алберти, на тема изнаоѓање математички однос помеѓу човековата димензија и природата.

l2

Истражувањата на овие великани претставуваат стремеж да се докаже врската меѓу пропорциите и изградбата на Партенон и слични храмови според мерките на човечкото тело. Имено, во прилог на оваа теорија се и имињата на мерните инструменти како лакт, стапка, палец, дланка, кои алудираат на делови од човечкото тело, а кои се назив за одредена мерна должина.

l0

И навистина во нивната ера можеле да се користат локални системи на мерење, без прекумерна потреба од стандардизација. Меѓутоа, ова се променило кога светот станал поповрзан и кога континентите на некој начин морале да се обединат во системот за мерење. Француската револуција ја отворила вратата за многу научни достигнувања кои ги тестирале границите на човекот и кои во системот на стандардизација го вклучиле метарот како основна мерна единица за должина.

Новото мерење, точно прецизирано, претставува мерен пат надвор од оној што бил можен благодарение на човечкото тело, а човештвото се соочило со дисоцијација помеѓу телото и неговото станиште во новиот свет, пишува ArchDaily.

l3

Придонесот на Ле Корбизје

Од друга страна, Модуларот на Ле Корбизје произлегува од тежнеењето на авторот да воспостави хармонија меѓу просторот и човечкото тело, што симболизира чекор кон поврзување на телото и архитектонскиот свет.

l1

Не е неопходно да се биде експерт за архитектура или анатомија за да се заклучи дека мерењата според Модулар алудираат на тело од 183 сантиметри бела, европска раса што најчесто може да се види во филмовите, списанијата или на малите екрани, што дава навестување дека архитектурата е всушност во непосредна врска со шоу-бизнисот. Иако европската раса сочинува само еден мал дел од светската популација, Ле Корбизје ја искористил за повторно воспоставување на човечкото тело како мерило.

Прилагодување на контекстот на животот

l4

Модулар претставува значаен напредок во историјата на архитектурата бидејќи укажал на исклучувањето на односот помеѓу нашата околина и човечкото тело предизвикано од индустријализацијата, како и нејзините постојани обиди да воведе стандардизација. Се потпира на создавање систем преку пропорциите на човечкото тело во концепцијата на човечко мерило, каде човекот е мерило на нештата и основниот модул кој претставува добра мерка за универзална примена во архитектурата.

Ле Корбизје секако отворил една значајна тема, а тоа е дека е неопходно да се продолжи со ревидирање на лекциите што ги оставиле нашите предци и да откриеме што се може да се прилагоди на нашиот современ контекст на живот.

Испрати коментар

Scroll To Top