Насловна / Вести / Нередот е концепт измислен од човекот (видео)

Нередот е концепт измислен од човекот (видео)

Со години, луѓето се прашуваа дали би можеле еден ден да живеат на Марс. Проектот „Ебиос“, истражува дали луѓето би можеле да живеат на друга планета.

На неодамна одржаната конференција во Париз, компанијата Intersteler Lab претстави проект за „развивање на технологија наменета за истражување на вселената, која би се применувала на Земјата“, вели Барбара Белвизи, главен извршен директор на компанијата.

6_resize

селото „Ебиос“

„Како можеме да кажеме дека ќе живееме на Марс кога не сме во состојба да живееме правилно на Земјата, а нередот е концепт измислен од човекот, не смееме да го пренесеме на Марс“, реистакна директорката.

Инспириран од желбата да се подобри животот на Земјата и да се населува Марс во иднина, тимот на Intersteler Lab, ја обединил архитектурата, инженерингот, дизајнот и науката за да создаде села со регенеративни технологии за поддршка на животот.

Две години по започнувањето на проектот, компанијата ја отвори својата експериментална Биорегенеративна станица „Ебиос“, која е осмислена како научен и истражувачки центар за обука на астронаути.

1_resize

5_resize

селото „Ебиос“

Селото „Ебиос“ е проект за изградба на автономно село, под ѕвоно, во пустината Мохаве во близина на Лос Анџелес. Во план е да се изградат десетина такви села низ целиот свет.

Станицата, која се наоѓа во пустината Мохаве во Калифорнија, би требало да јотвори вратата во 2021 година. Вклучува различни технологии за одржување на живот, прочистување на водата, управување со отпадот и производството на храна.

Barbara_resize

Барбара Белвиси, основач на проектот „Ебиос“

Според зборовите на директорката на компанијата, Барбара Белвизи, „она што на Марс треба да го донесеме за живот е она што моментално треба да го заштитиме на Земјата“.

Барбара Белвизи е една од sвездите во пдоем во француското воздухопловство. Таа е основач и извршен директор на компанијата Intersteler Lab.

2_resize

„Долготраен, одржлив Марс или лунарна населба, практично ќе биде изводливо само ако направиме истражување на Земјата и навистина ја тестираме одржливоста на различните системи“, рекол Грег Аври, директор на Иницијативата за комерцијален вселенски летови во Јужна Калифорнија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top