Насловна / Вести / Централа на океанска плима во Канада

Централа на океанска плима во Канада

centrala-na-okeanska-plima1

Првата турбина која работи со помош на океанската плима, започна да снабдува со електрична енергија околу 500 домаќинства на канадскиот источен брег. Ова е првпат високата плима во заливот Фанди, кој се наоѓа помеѓу покраините Нова Шкотска и Њу Брунсвик, да се користи за генерирање на електрична енергија.

centrala-na-okeanska-plima

Турбината што е проектирана и произведена од компанијата „OpenHydro“, огранок на француското морнаричко бродоградилиште, спуштена е на дното на заливот во почетокот на ноември.

centrala-na-okeanska-plima-karta

Заливот Фанди е инаку познат по своите силни плими кои редовно надминуваат височина на брановите од 20 метри. Втората турбина во овој залив е планирано да биде поставена во 2017 година. Двете турбини заедно ќе можат да произведуваат електрична енергија еквивалентна на енергијата што се добива од 2 000 тони јаглен.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top