Насловна / Архитектура / Кина гради голема соларна електрана во Чернобил

Кина гради голема соларна електрана во Чернобил

Две кинески компании ќе градат нова соларна електрана во областа на нуклеарната централа, што експлодира во 1986 година.

Зоната во Украина, која се протега во радиус од 30 километри околу нуклеарната централа, сега е покриена со дрвја и грмушки. Сепак, кинеската компанија GCL System Integration Technology заедно со уште една компанија планира таа зона делумно да ја покрие со соларни панели, извлекувајќи го најдоброто од постоечката состојба.cernobilj-sarkofag

„Овој проект ќе донесе огромни бенефиции за општеството и економијата, бидејќи соларна електрана позитивно ќе влијание врз околината со своето зеленило и со обновливата енергија“,  изјави Шу Хуа, претседател на компанијата GCL-SI за Ројтерс.

Оваа зона во Чернобил долго време била затворена за јавноста и посетителите. Сепак,  по поклопувањето на реакторот со челичен саркофаг вреден 1,6 милијарди долари, чие завршување се очекува следната година, изградбата на соларните електрани би можела да започне.

Од GCL-SI тврдат дека зоната ќе биде безбедна и за работа.

Украина усвои закон со кој им се овозможува земјоделски и други активности во оваа област, што значи дека радијацијата е под контрола.

Кинеските компании се многу заинтересирани за искористување на потенцијалите на сончевата енергија, така што ширум светот започнале голем број на проекти за изградба на соларни централи, со што заедно со САД се водечки во оваа област.

Заради тоа не е чудно што дури 72% од сите компоненти за искористување на сончевата енергија во светот се направени во Кина.

Испрати коментар

Scroll To Top