Насловна / Вести / Бидете екологист дома, но и на работа

Бидете екологист дома, но и на работа

Ако веќе размислувате како да бидете поефикасни во употребата на ресурсите и да ја направите вашата средина попријатна, можете да започнете од вашиот дом, па и работен простор. Просторот во кој поминувате секојдневно, можете лесно да го трансформирате во „зелен“ преку едноставни и лесни совети и во исто време да ги намалите трошоците во домаќинството или на компанијата.ekosoveti3

Што треба да знаете за опасниот отпад во домаќинствата

Многу заедници имаат посебни центри или посебни денови кога компаниите што се грижат за отпадот собираат т.н. опасен отпад од домаќинствата. Опасен отпад во домаќинствата може да биде:

-       Во бањите: лекови, средства за чистење, лакови и отстранувач на лак за нокти.

-       Во работилниците: лакови и бои, растворувачи, бои и отстранувачи на ‘рѓа.

-       Во градините: хемикалии за третирање на базени, отрови за глодачи, вештачко ѓубриво, пестициди, инсектициди, отстранувачи на плевел.

-       Во гаражите: акумулатори, киселини, средства за полирање на автомобили, моторни масла, антифриз и гориво, како бензин, нафта и керозин.

-       Околу домовите: флуоресцентни светилки, батерии за мобилни телефони, детектори за чад и батерии.ekosoveti5

Овој отпад не треба да се отстранува заедно со другиот отпад од домаќинствата. Таквиот отпад може да биде штетен за собирачите на отпад и за животната средина, ако не се третира соодветно. Исто така, не би требало да се чува дома за подолг временски период, туку овој отпад треба да се однесе во специјални центри за собирање.

Во собирните центри, овој опасен отпад го сортираат и класифицираат квалификувани работници. Хемикалиите се чуваат во специјални резервоари. Подоцна, овие хемикалии се носат на посебен хемиски третман или се чуваат во специјални депонии. Некои материјали, како моторното масло, оловните батерии и антифризот, може да се рециклираат, но оваа постапка мора да се врши многу внимателно по хемиски пат.

Некои луѓе хемикалиите и боите ги истураат во канализациски отвори. Овие хемикалии се мешаат со дождовницата и се влеваат во подземните води, предизвикувајќи помор на рибите и растителниот свет. Хемикалиите никогаш не треба да се истураат во канализација.ekosoveti-2

Работен простор, време каде поминувате половина од вашиот живот

Во просек, поголемиот дел од својот животен век луѓето го поминуваат на работа. Во зависиност од компанијата, некогаш во вашиот работен простор се присутни помалку, а некогаш и повеќе луѓе. Според законите на природата, вие како единка можеби не можете да направите револуција, но со трепение и полека можете да влијаете да се случат промени.

Користете енергетски ефикасни светилки (CFL или LED), кои трошат 75 отсто помалку од светилките со вжарено влакно, ако вашата компанија не го направила тоа дајте предлог и објаснете го процесот на заштеда, со сигурност ќе биде прифатен. Не заборавајте да ги исклучувате светлата кога во просторијата нема никој, оваа навика ќе биде корисна и ќе почнете да ја практикувате и дома.ekosoveti

Ставете ги вашите монитори на sleep mode на што е можно пократко време, нешто што можете да го направите сами, а воедно и да го задржите векот на компјутерот, заштита од прегревање како и зголемување на брзината на работа. Доколку сте во можност, користете апарати кои имаат ознака за енергетска ефикасност (пр. Energy Star).

Во работните простории пожелно е да користите стаклени или керамички чаши наместо пластични кои се за еднократна употреба или пак користете термос за вашето утринско кафе.

Во денешниот свет на развиени телекомуникациски мрежи, подобро е да користите телекомуникација и видеоконференции за вашите состаноци, наместо долги патување со возило или авион.

Искоритете ги згрешените испринтани страници за пишување белешки и слични интерни документи. Старите кутии повторно употребете ги за складирање на разни документи. Реорганизирајте го канцеларискиот материјал пред да направите уште една нарачка.

Често на работното место се генерира голема количина отпад, во зависност од големината на компанијата како и нејзината дејност. Наместо да завршува отпадот неселектиран, тој лесно може да се рециклира. Старите тонери и батерии предајте ги на лиценцирана фирма за управување со електронски и електричен отпад. Одвојте посебно место за фрлање на веќе неупотребливата хартија, списанија, пликоа и сл.ekosoveti4

Генерирајте помалку отпад, со тоа што ќе конзумирате природна храна како овошје и зеленчук или пак храна претходно подготвена од дома. Користете велосипедска пошта за вашите документи. За превоз до работа или пак воопшто и за домашни потреби, секогаш кога сте во можност користете јавен превоз или пак велосипед.

И секако, внесете растенија во вашиот работен простор или дома, кои покрај нивната естететика го прочистуваат внатрешното загадување на воздухот и ја прават просторијата попријатна.

ekosoveti-1

Пет главни еколошки совети

Најважна работа на која треба да се сетите кога ќе фрлате ѓубре се овие пет збора:

Редуцирај-размисли

Намали

Искористи

Поправи

Рециклирајekosoveti7

Ова значи дека иако постојат депонии кои се добар начин за згрижување на отпадот што не може повторно да се употреби или рециклира, најважно што можеме да направиме е да не правиме непотребен отпад. Значи, запомнете:

  • Размислете за работите што ги купувате и ресурсите што ги искористувате – треба да се обидеме да ја намалиме потрошувачката и да го намалиме количеството на отпад што го произведуваме.
  • Намалете го износот на секојдневниот отпад.
  • Повторно употребете ги работите пред тие навистина да станат отпад.
  • Поправете ги работите секогаш кога тоа е можно.
  • Рециклирајте сè што може да се рециклира.

Пишува: Соња Танеска Игнатоска

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top