Насловна / Архитектура / Central Business Tower, нов облакодер кој ќе се гради во Франкфурт

Central Business Tower, нов облакодер кој ќе се гради во Франкфурт

Конзорциум составен од Züblin и Dobler Metallbau е избран за изградба на новиот 205 метри висок облакодер во Франкфурт. Прецизните детали за цената на договорот не се објавени, но Strabag,  австриската компанија чија фирма ќерка е Züblin, вели дека е некаде во средината на милионска бројка со три цифри. Проектот за зградта која е наречена Central Business Tower, е развиен од страна на комерцијалната банкарска организација Landesbank Hessen-Thüringen (Helaba).

frankfurt1

frankfurt2

Проектирана од страна на франкфуртската архитектонска компанија KSP Engel, кулата ќе се состои од 52 ката како и пет подземни нивоа. Работите на рушење на постоечките објекти на планираната локација на Neue Mainzer Strasse веќе започна овој месец, а процесот на изградба на облакодерот е предвидено да трае 6 години. Züblin ќе ја користи т.н teamconcept стратегија за проектот, во кој се користат отворени алатки за пристап до проектот на сите засегнати страни, односно до заедничката платформа која содржи специфични информации за проектот вклучувајќи податоци, планови и друга релевантна документација. Таа вклучува и транспарентна презентација нa трошоците за изградба во сите фази на проектот.

frankfurt3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top