Насловна / Архитектура / Виновна е Втората светска војна: Воен брод „насукан“ сред бетонската џунгла

Виновна е Втората светска војна: Воен брод „насукан“ сред бетонската џунгла

Една станбена зграда во Токио, во 1970 година кога била завршена, била позната како New Sky Building 3, но поради својот облик го добила прекарот Gunkan Biru, односно во превод „зграда на воен брод“. Зданието токму наликува на воен брод насукан измеѓу бетонски згради. Имено, во еден токиски кварт се забележува зградата во облик на воен брод која со децении го привлекува вниманието на љубопитните. За необичниот изглед е заслужен архитектот Yoyi Watanabe.

tokyo1

tokyo3

По завршувањето на Втората светска војна, пензионираниот војник на јапонската царска војска осмислил неколку уникатни објекти поради кои го добил прекарот “лудиот архитект“. Зградата во облик на воен брод е една од нив, а денес се смета за едно од најзначајните примери на модерната архитектура во Токио. Се верува дека нејзиниот изглед е инспириран од поморската битка од Втората светска војна во која бродот на Watanabe морал да се соочи со американска подморница кај брегот на Филипините. Членовите на екипажот на јапонскиот брод  верувале дека ги очекува сигурна смрт, но сепак преживеале. Оваа воена траума Watanabe ја преточил во зграда која содржи значителни количини на челик и други материјали карактеристични за градба на воените бродови.

tokyo4

tokyo5

Зградата е во целост реновирана во 2010 година и преименувана е во Gunkan Higashi Shinjuku. Тогаш сивата боја на фасадата е заменета со зеленкаста нијанса. Во неа денес се наоѓаат деловни простори, станови и уметнички галерии.

tokyo6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top