Насловна / Вести / Цените на нафтата поскапеа, ОПЕК тврди дека руската нафта нема замена

Цените на нафтата поскапеа, ОПЕК тврди дека руската нафта нема замена

Цените на нафтата поскапеа бидејќи стравувањата од падот на побарувачката во Кина стивнаа откако Шангај ублажи некои мерки за коронавирусот, додека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) предупреди дека би било невозможно да се зголеми производството во толкава мера за да се компензира евентуалната загуба на русите испораки.

Европската нафта Брент поскапе на терминскиот пазар за 1,72 долари или 1,75 отсто, на 100,20 долари за барел, а американската нафта WTI за испорака во наредните месеци во Азија се тргуваше по цена од 96,05 долари за 1, 76 долари или 1,87 отсто поскапо од понеделникот.

н1_resize

Властите во Шангај соопштија дека повеќе од 7.000 станбени единици се класифицирани како област со помал ризик, бидејќи не пријавиле нови инфекции 14 дена, најавувајќи олеснување на карантинските мерки во одредени населби.

Од друга страна, Европската унија подготвува предлог за воведување ембарго на нафтата од Русија поради нападот на Украина. Сепак, во моментов нема консензус меѓу членките на ЕУ за ова прашање.

н2_resize

„Пзарот на нафта се уште е подложен на голем шок доколку руската енергија биде санкционирана и тој ризик останува на маса. Цените на нафтата ќе бидат на клацкалица бидејќи залихите остануваат ниски, додека на трговците со енергија ќе им биде тешко да се ослободат од стравот од недостиг поради постојаните најави за нови ковид ограничувања во Кина“, рече Едвард Моја, висок пазарен аналитичар во компанијата Оанда.

Порастот на цената на нафтата е поттикнат и од предупредувањето на ОПЕК дека поради санкциите на ЕУ може да се загубат седум милиони барели дневно руска нафта и деривати и дека ќе биде невозможно тие количини да се компензираат.

Испрати коментар

Scroll To Top