Насловна / Вести / Цените на CO2 во ЕУ, за прв пат надминаа 100 евра по тон

Цените на CO2 во ЕУ, за прв пат надминаа 100 евра по тон

Енергетската криза во ЕУ веројатно се смирува, имајќи предвид дека гасот падна под 50 евра по MWh, што е најниско ниво во изминатата година и пол. Производителите на електрична и топлинска енергија, снабдувачите и потрошувачите сепак ги чека неизвесност во поглед на резервите на фосилни горива за следната зима, а во моментот се соочуваат со раст на цените за емисиите на јаглерод диоксид. Претходниот сериозен раст е забележан во август, во екот на енергетската криза. Зголемувањето на побарувачката за фосилни горива доведе до притисок на пазарот на овие сертификати. Така, завчера цената на берзата ICE Endex достигна незабележени 101,16 евра по тон еквивалентен CO2.

ice1

 

Познавачите на состојбите, го припишуваат овој тренд на неповозлната временска прогноза за северот на Европа односно ниски температури, во комбинација со слаб ветер и недоволно производство од ветерните електрани. Од компанијата Northlander Commodity Advisors велат дека до следната зима можно е цените на дозволите да достигнат и 150 евра по тон. Кога цените на CO2 растат, технологиите на зафаќање и складирање на јаглерод диоксид и производството на водород со користење ан обновливи извори на енергија се попривлечни з аинвеститорите, особено поради фактот што ЕУ ги користи приходите од продажбата на дозволите за емисии за инвестиции во решенија за декарбонизација. Но, таквите системи сеуште се далеку од постигнување ан профитабилност.

ice2

 

Испрати коментар

Scroll To Top