Насловна / Вести / Цената на недвижностите во Белград, во врвот на листата на европски градови

Цената на недвижностите во Белград, во врвот на листата на европски градови

Белград се наоѓа на четвртото место на листата на најскапи градови во Европа, според цената на недвижностите во однос на висината на приходите. Ова е објавено на сајтот „Нумбео“ кој важи за најголема светска база на податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на живот.

Според пресметките на овој сајт, односот на цените на недвижностите и просечните приходи во Белград изнесува високи 19,77. Така Белград се најде зад Москва (однос 21,12), која е на првото место, Париз (20,97) и Сплит (19,77), а пред Владивосток (18,63), Гдањск (18,31), Прага (17,97) и Милано (17,85).

Од градовите во регионот, доста високо се пласирани и Бања Лука (13,75), која се наоѓа на 30-тото место, пред Барселона, Порто и Загреб, кои се на 33-тото место со однос 13,47. Интересно е дека Лондон кој има репутација на град со исклучително високи цени на недвижностите, е дури на 20-тото место со однос 15,65.

belgrad

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top