Насловна / Вести / Цели колонии на стаорци живеат во метрото во Њујорк

Цели колонии на стаорци живеат во метрото во Њујорк

Метрото во Њујорк официјално има 468 станици во должина од 390 километри, што е должина на железничките пруги. Њујоршкото метро, ​​кое започна со работа во 1904 година, сè уште користи технологија која ја користело и пред 80 години.

6_resize

Оние кои го користат метро во најчудесниот, како што многу го нарекуваат, град во светот, секојдневно се соочуваат со разни проблеми во транспортот.

Доцнењата и пропустите станаа дел од секојдневниот живот во метрото, кое 80 години не користи компјутерска технологија. Во 30-тите години на минатиот век, дизајнирана е аналогна сигнализација која се користи и денес.

5_resize

3_resize

Метрото во Њујорк го користат околу шест милиони луѓе во текот на работната недела, а за време на викендите и до 6.5 милиони. За работите на реновирање, надлежните наведуваат дека најголем проблем е тоа што метрото мора да биде во служба на граѓаните 24 часа на ден.

2_resize

Њујоршката управа за сообраќај (МТА) често прави запирања на сообраќајот на разни линии, со цел да се подобри инфраструктурата.

Според податоците на МТА, околу седум тони ѓубре се отстранува од шините секоја година. Податоците на градот Њуујорк говорат дека во градското подрачје живеат околу 8,6 милиони луѓе и најмалку три милиони глувци.

8_resize

12_resize

Цели колонии на стаорци живеат во метрото, иако градските власти се обидуваат да го решат овој проблем веќе неколку децении. Стаорците често предизвикуваат паника кај патниците кои се приморани да ги дигнат нозете возејќи се во вагоните.

7_resize

Станиците и платформите се далеку од чисти, иако многу од нив имаат корпи за отпадоци.

Градот добива годишно околу 8.000 поплаки за глувци на метро-станиците. Во борба против глувците градот троши околу три милиони долари годишно.

9_resize

11_resize

„Метрото во Њујорк е одлично. Се разбира, понекогаш мириса непријатно, а стаорци скокаат наоколу, луѓето понекогаш се сетеснети, но без оглед на се, метрото ќе ве однесе каде било во градот за помалку од три долари. Тоа е најдоброто пазарување во градот по пица од еден долар“, вели еден жител на Њујорк.

И покрај фактот дека пред петнаесет години се говореше дека инфраструктурните работи на метрото ќе бидат завршени во 2017 година, се претпоставува дека сите работи за модернизација ќе бидат завршени по 2045 година.

1_resize

10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top