Насловна / Вести / C40 Cities: Метрополите сакаат почист јавен превоз

C40 Cities: Метрополите сакаат почист јавен превоз

Новото истражување објавено од страна на C40 Cities (мрежа на светски градови посветени на решавањето на климатските промени), под името „Иднината на јавниот превоз“, заклучува дека зеленото вложување во јавните транспортни системи, не само што ќе ги заштити постоечките работни места, туку ќе создаде милиони нови одржливи работни места и ќе ги намали емисиите од секторот сообраќај во градовите за над 50% во следната деценија.   Градовите трошат повеќе од две третини од светската енергија и се одговорни за над 70% од глобалната емисија на јаглерод диоксид. Во пандемијата, многу градови забележаа огромен пад на приходите од јавниот превоз, што е огромен проблем, кој резултира во полоша услуга. Еден долар вложен во јавниот превоз може да генерира пет долари економски поврат, а една милијарда во инвестиции може да креира 50.000 работни места. C40 Cities укажува на итноста од реакција, апелирајќи на локалните власти и владите да вложуваат во чист превоз. На пример, електрификацијата на јавниот превоз се случува со многу побрзо темпо од електрификацијата ан приватните патнички возила. Иако продажбата на патничките електрични возила брзо расте, тие сочинувале само 2,6% од вкупната продажба на возила во 2019 година. Но, речиси сите градски системи во сферата на лесната железница и метроа, како и трамваите работат на електрична енергија, а голем напредок е постигнат и во електрификацијата на автобусите. Најмалку 8 градови од мрежата C40, во моментот набавуваат исклучиво електрични автобуси, а најмалку 29% си поставиле амбициозна цел – сите нови автобуси до 2025 да бидат електрични. Водородот е исто така одржлива опција.

c401

c402

c403

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top