Насловна / Вести / Бруталистичка палета ја дефинира атмосферата на Marne Café во Мексико Сити

Бруталистичка палета ја дефинира атмосферата на Marne Café во Мексико Сити

Сместен во квартот Рома во Мексико Сити, Marne Café на бирото FORMANT спојува архитектурата, гастрономијата и тактилниот дизајн. Кафетеријата и пекара имаат безвременски пристап кон современото обликување простор – засновани на висококвалитетни, локално набавени производи и силна чуствителност на материјали. Внатре, сирова, но складна бруталистичка палета ја дефинира атмосферата.

Изложените бетонски и метални конструкции, темното дрво и едноставното индустриско осветлување го формираат ентериерот, додека акцентите на бои во тапацирот и ѕидните уметнички дела го надополнуваат инаку неутралниот амбиент.

Фотографиите врамени во метал го надополнуваат слоевитиот визуелен јазик, а звучниците на спуштениот таван го исполнуваат просторот со внимателно одбран звучен пејзаж, надополнувајќи ја импресивната атмосфера.

Со површина од 130 квадратни метри, Marne Café е поделен на две зони, при што првата е ресторан и шанк што се отвора кон улицата, а подлабоко внатре е сместен вински бар. И покрај нивните различни намени, обете области се споени со конзистентен материјален и просторен јазик.

Целиот мебел – маси, столчиња, барски столчиња, осветлување, па дури и шанкот за послужување – е дизајниран од студиото FORMANT со седиште во Мексико Сити за да ги одрази функционалните потреби и естетската воздржаност на проектот. Распоредот следи суптилна логика што им овозможува на гостите лесно да се движат низ просторот, да седат кратко или да останат подолго во зависност од ритамот на нивната посета.

Испрати коментар

Scroll To Top