Насловна / Вести / Британија најголем донор на монтажни куќи во обновата по скопскиот земјотрес

Британија најголем донор на монтажни куќи во обновата по скопскиот земјотрес

На 12 октомври 1966 година под број 1422 заведено е известувањето испратено од Фондот за помагање на обновата на Скопје при Градското собрание на град Скопје до Заводот за станбено комунална изградба – Скопје потпишано од директорот Јован Максимовиќ.  Ви истото, во осум точки приложена е листа со бројот на станови кои биле помош, средени според населби и потекло, а со цел да се надополни евиденцијата на Заводот.

???????????????????????????????

Американски бараки во Шуто Оризари

Дополнително, на веб страницата на Википедија за земјотресот во Скопје од 1963 година (https://en.wikipedia.org/wiki/1963_Skopje_earthquake) и на македонскиот веб портал Билд (http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=114&PN=29) се наоѓаат две фотографии од  изложбено пано со текст на македонски и англиски јазик под наслов „Нови населби“.  На ова пано на план на градот Скопје обележани се локациите на новите населби, заедно со знамињата на земјите од каде е потекната помош за становите, а на легендата е даден и бројот на станбените единици.  Споредбата на документот и паното укажува дека најверојатно изложбеното пано е она каде се сумирани вкупните резултати за бројот на станови кои биле помош.  Дополнително, дел од информациите на паното се совпаѓаат со податоците во книгата на инж. Коле Јордановски, „Скопје: катастрофа – обнова – искуства“ од 1993 година, како резултат на што паното дава релативно прецизен преглед за станбените единици изградени од помошта пристигната од разни земји.

???????????????????????????????

Норвешки бараки во Долно Нерези

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НАЈГОЛЕМИОТ ДОНОР, СПОРЕД БРОЈОТ НА МОНТАЖНИ КУЌИ

Според паното, Велика Британија со 1.566 станбени единици и 75.590 м2 бруто изграден површина, убедливо е најголемиот донор, според бројот, на монтажни куќи од меѓународна помош. На паното се наведени 13 земји и организации коишто вкупно придонеле со 2,303 монтажни куќи, од кои 1.566 (68 %) се од Велика Британија, а престанатите 737 (32 %) од останатите 12 земји и организации.  За одбележување е дека британските монтажни куќи всушност се одраз на директна хуманост на граѓаните на Велика Британија, преку нивните донации, кои во најголема мера биле собрани преку добротворната организација Вор он Вонт (War on Want).  Со собраните пари покрај појдовната хуманитарна помош, оваа организација купила и перфорирани челични аголни профили од британската фабриката Дексион со кои биле изградени носивите метални конструкции на овие британски монтажни бараки.  Дополнително од донациите на британските граѓани, преку Вор он Вант биле купени и 200 метални Нисен монтажни објекти од британската Влада, од кои најголем број биле искористени за изградба на два кампа со капацитет од 1.000 легла, наменети за сместување на градежните работници вклучени во обновата на Скопје, а лоцирани во Маџари и Момин Поток.

???????????????????????????????

Британски Дексион бараки во Ѓорче Петров

Од своја страна, британската Влада донирала појдовна парична помош, ги платила транспортните трошоци за британската материјалната помош до Скопје, и испратила единица на кралските инженерци кои раководеле со обуката и изградбата на 244 Нисен монтажни објекти: 44 донирани од Владата и воглавно искористени за сместивање на времени училишта, и 200 купени од Вор он Вант од британската Влада и искористени за камповите за градежните работоници. Исто така, британската Влада понудила и паричен заем, за кој нема информации дали бил искористен или не.

(Во наредните денови, поточно на 26 јули ќе објавиме екслузивно интервју со еден од британските кралски инженери кој учествувал во обновата на Скопје)

Зацртаните планови на Вор он Вонт да купи Дексион челични профили доволни за изградба на носивите рамки за околу 2,000 монтажни бараки, не се исполниле во целсот и морале да се задоволат со помала количина, со оглед дека посакуваното ги надминувало расположивите производни капацитети на фабриката.  Од тука дел од преостанатите донирани средства биле предадени на локалните власти како придонес да се купат градежните плочи кои се користеле за оформување на монтажните објекти.

И ЕДЕН АНГЛИСКИ СТАН – ИЗРАЗ НА ЛИЧНА ХУМАНОСТ

Споредување на податоците достапни на известувањето и на паното укажуваат на една невообичаена информација.  Според известувањето во рамките на пријавените станови од помош за населбата Тафталиџе, под број 4 се води и еден англиски стан.  Истовремено, во рамките на паното британското знаме не се појавува во рамките на оние прикажани во врска со населбата Тафталиџе.  Од тука се поставува прашањето за овој еден англиски/британски стан во населбата Тафталиџе.

Прецизни информации за ова досега не се најдени, но се претполага дека станува збор за станбената единица која припданиците на британските кралски инженерици во своето слободно време и од остатоците градежен материјал ја изградиле за својот локален преведувач за да му помогнат да го смести своето семејство во периодот по земјотресот, а што претставува израз на лична хуманост која ги надминала нивните работни задачи и обврски.

???????????????????????????????

 Чехословачки бараки во Тафталиџе

ЏОН

За време на нивната хуманитарна мисија во Скопје британската кралска инженерска единица воглавно се потпирала на двајца локални преведувачи.  Еден од нив бил Бојан Димитров, кој подоцна стана познат македонски државен симултан преведувач, особено во периодот на осамостојувањето на земјата.  За сега за вториот, кому британските кралски инженерци му изградиле дом, помалку се знае.  Тие го нарекувале Џон, веројатно за да можат полесно да комуницираат со него, како резултат на тоа вистинското име не му се знае.  Приказната е дека тој бил учесник во Втората светска војна и тоа во рамките на британската Осма армија, но не се знае точно во кои периоди на дејствување на оваа армија и каде.  Таа е особено позната во периодот од 1942 до 1943 година кога била под команда на британскиот Филд Маршал Бернард Монтгомери – „Монти“ и неговите успешни акции за ослободување на Северна Африка, пред да стане дел од созјузничките инвазиони сили во Италија за конечно да стане окупациона сила во Австрија по крајот на Втората светска војна.

Очигледно е дека припадниците на британските инженерски единици за време на нивната хуманитрна мисија во Скопје доволно го почитивале и се спријателиле со својот преведувач Џон за да се обидат лично да му помогнат да го реши своето станбено прашање по земјотресот. Според расположивите информации, во тоа време изградбата на станбени објекти за приватни лица била ограничена, како и максималната дозволена големина на објект кој може да се изгради за овие потреби, кој била 7 метри долг, а 4 метри широк.  Со оглед на големиот недостаток на градежни материјали во тој период бил ограничен и пристапот до градежни материјали за лична изградба. Како резултат на тоа се користеле остатоците од градежен материјал користен при изградбата други објекти.  Се разбира, резултатот бил скромен, но гледано од денешен аспект, еколошки објект со оглед дека ефективно отпадниот материјал во процесот на изградба бил искористен за да се направи уште еден помал објект.  Овој голем гест овозможел нивниот превредувач и неговото семејство да имаат каде да се сместат.

Подоцна преведувачот Џон и неговото семејство биле сместени во монтажен објект доделен од програмата за обнова на Скопје. За жал нема дополнителни информации за оргиналниот времен објект во однос на тоа каде точно се наоѓал и од каде дошол плацот за изградба, но се знае дека морало да се добие, не само одобрение за градба, туку и од сите учесници во изградбата изјави за потеклото на градежниот материјал користен при изградбата на овој мал станбен објект.

Куќата на Џон во изградба

Куќата на Џон во изградба

ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА СИТЕ ОНИЕ КОИ ТРАГИЧНО ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ ЖИВОТ

Шеест години подоцна од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година претставува добра можност да се потсетиме на сите оние кои трагично го изгубија својот живот во оваа катастрофа, како и на сите оние чиишто животи трајно се сменија.  При ова не треба да се заборави ниту на сите оние коишто било преку своите донации и помош, дале придонес кон ублажување на последиците и обновата на Скопје, а при што британске граѓани, хуманитарни организации, Владата и британските кралски инженерци дале исклучителен продонес.

Заклучно со 31 март 1966 година финансиска и материјална помош во изност од 39,9 милиони американски долари пристигнала од странство од извори надвор од тогашна СФРЈ и тоа од 77 земји, странски туристи и други извори.  11,53% од оваа вкупна помош пристигнала од Велика Британија.  Процентуално трета помош по САД (23,39%) и СССР (15,29%) во однос на собраната финанска и материјална помош од странски извори и најголем број на изградени монтажни станбени објекти од странски извори.

Според расположивите информации вкупниот износ на донации собрани од британските граѓани преку хуманитарната организација Вор он Вонт во тоа време претставувал дотогаш најголем износ на собрана донација во светот од една хуманитарна организација за една катастрофа.

Со благодарност за помошта и вечно сеќавање на оние кој не ја дочекаат обновата!

Автор: Д-р. Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top