Насловна / Арт и дизајн / Бристол – домот на најпознатиот анонимен уметник Banksy

Бристол – домот на најпознатиот анонимен уметник Banksy

Бристол е посебна атракција за љубителите на уличната уметност. Токму во тој британски град се родил Banksy, најпознатиот анонимен уметник на светот, кој магазинот Time го вброи меѓу сто највлијателни луѓе на светот. Иако никој не знае кој е точно Banksy, се знае дека тој е од Бристол и дека уште во деведесетите години се занимавал со underground сцената, а во неговиот град има и бројни дела со негов потпис. Освен по уличната уметност, Бристол има и бројни други содржини и атракции.

bristol1

bristol2

bristol3

 

Шетањето по улицата Gloucester нуди фантастични дела од уличната уметност, а во лето се одржува UpFest, фестивал ан уличната уметност кога градските фасади стануваат уметничко платно. Стотици уметници од целиот свет тогаш ги преплавуваат улиците на Бристол. Градот е полн и со уметнички галерии. Од современи галерии како Arnolfini до класични музеи како M Shed.  Balloon Fiesta е најголемиот европски собир на љубителите на балони, а погледот кон небото во времето на фестивалот е вистински празник за очи. На Бристол не му недостасуваат ниту барови, кафулиња и ресторани. Пазарот St Nick’s Market, е преполн со штандови и богата понуда од целиот свет.

banksy4

banksy5

bristol6

Испрати коментар

Scroll To Top