Насловна / Архитектура / Брановидна фасада во Шенџен, Кина

Брановидна фасада во Шенџен, Кина

Shenzhen Energy Mansion – кулата со уникатна брановидна фасада е проектирана од компанијата BIG. Ја карактеризира нетипична градба на висококатниците. Проектот е неодамна завршен и се состои од две кули проектирани така што го намалуваат отсјајот од Сонцето, и интензитетот на сончевото зрачење, токму преку своите фасади со брановиден облик.

Shenzhen Energy Mansion е проект во рамките на кој биле вклучени и компаниите Transsolar и Arup, а нарачан е по архитектонскиот натпревар во 2009 година. Изградбата започнала во 2012 година. Пониската кула е висока 120 метри, а повисоката 220 метри. Ги поврзува 34 метри висок подиум кој содржи лоби, кафетерии, канцелариски центар и изложбен простор. Внатрешноста на зградите ја карактеризира површина од 96.000m² комбиниран простор. Горните катови се резервирани за кинеската државна компанија Shenzhen Energy Company, додека во рамките на долните катови има деловни простории за изнајмување.

Фасадите на објектите се направени од стакло и алуминиумски обвивки, поставени така што формираат шаблони кои ја контролираат количината на дневна светлина која влегува во кулите од северната страна, додека го минимизира изложувањето на сончевите зраци по фасадите кои се ороентирани на другите страни. Овој одржлив фасаден систем ја намалува вкупната потрошувачка на енергија, без користење на подвижни делови или било каква компликувана технологија“.

Shenzhen Energy Mansion поседува LEED Gold сертификат. Останатите одржливи карактеристики вклучуваат: ефикасни системи на осветлување, рециклирање на употребената вода и зелен покрив.

SEM

SEM1

SEM2

SEM3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top