Насловна / Вести / Во Виена отворен е првиот центар за разладување – јавен простор, засолниште од високите температури

Во Виена отворен е првиот центар за разладување – јавен простор, засолниште од високите температури

Со цел заштита на граѓаните од високите температиури, во Виена неодамна е отворен првиот Центар за разладување во Австрија. Оваа просторија  (Cooling Center) е јавен простор во кој граѓаните на неколку часа можат да пронајдат засолниште од високите температури.

Во текот на жешките денови, разладувањето е особено важно за децата, постарите лица и хроничните болни. Во време кога ноќните температури не се спуштаат пониско од 20 степени Целзиусови, луѓето не можат адекватно да се разладат.

Во рамките на овој свој пилот проект, Црвениот крст на Виена, го смести првиот центар за разладување во рамките на шопинг центар. Во овие објекти е мирно и тивко, а покрај послужувањето со вода, на располагање е и медицински персонал, чија основна задача е да им помогнат на старите и хроничните болни кои се најпогодени од ваквите климатски услови.

Покрај местата за седење и лежење, во разладните центри има и садови со вода за домашните миленици. Пред почетокот на проектот направена е студија за последиците од високите температури по здравјето на човекот, која покажала дека смртноста е почеста во оние седмици кога температурите се повисоки. Во сите поголеми градови во светот, особено во САД, центрите за разладување веќе одамна постојат. Тие неретко се отвораат во пешачките зони, шопинг центите, како и во јавните библиотеки.

CCWien1

CCWien2

CCWien3

CCWien4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top