Насловна / Вести / Браната Итаипу – едно од седумте чуда на современиот свет

Браната Итаипу – едно од седумте чуда на современиот свет

Итаипу е хидроцентрала на реката Парана на границата со Бразил и Парагвај.

Зборот Итаипу на јазикот на локалниот народ Гварани значи „камења што пеат“.

SONY DSC

Хидроцентралата Итаипу (официјално име: Itaipu Binacional) е втората по големина хидроцентрала во светот. Станува збор за заеднички потфат на Бразил и Парагвај на реката Парана, околу 15 километри северно од „Мостот на пријателството“. Преговорите меѓу Бразил и Парагвај траеле неколку години, договорот за изградбата е потпишан во 1966 година, додека самата изградба започнала четири години подоцна.

00

Инсталираната моќност на хидроцентралата е 14 GW, со 20 генератори од по 700 MW. Рекордот во производството на електрична енергија е постигнат во 2000 година, кога се произведени 93,4 милијарди киловат-часови енергија (93 отсто од вкупната потрошувачка во Парагвај и 20 отсто од вкупната потрошувачка во Бразил).

5

Договорот за изградба на браната и хидроцентралата е склучен во 1973 година. Вештачкото езеро е формирано во 1982 година. Првите генератори започнаа со работа во 1984 година, а последните во септември 2006 година и март 2007 година. Сега вкупно ги има 20. Со тоа инсталираната моќност се зголеми на 14.000 MW. Според меѓудржавниот договор не е дозволено истовремено да работат повеќе од 18 турбини.

02

Количината на произведената електрична енергија е толку гоплема што може да ги исполни потребите на Лондон за електрична енергија континуирано три години. Цената на проектот во тоа време се проценува на 13,5 милијарди фунти и е завршена за седум години од армија од 40.000 работници кои учествувале во проектот, од кои 149 загинале во несреќи за време на изградбата.

Главниот инженер на проектот бил италијанскиот градежен инженер Пјеро Сембенали. Проектот на браната покажал дека е 18 пати поголема и девет пати потешка од браната Хувер во САД и произведува шест пати повеќе електрична енергија.

11

За да се изгради браната пренасочена е реката. Ископан е канал долг два километри и длабок 80 метри. Тоа бил најголемиот диверзионен канал. За копање на пренасочниот канал користени се механички копачи и биле потребни три години за да се заврши. Акумулацијата на браната Итаипу е длабока 100 метри и е голема еднакво на површината на Чикаго, површината достигнува 1.350 квадратни километри, должина 170 километри и просечна ширина седум километри.

01

Проектот покажал дека браната не смее да се потпира на природните или физички карактеристики, наместо тоа треба да биде толку тешка за водата да не ја помести. Поради тоа морала да тежи 61 милиони тони, а наречена е Гравитациска брана. Основата на браните е поширока и поставена на цврсти темели. Ѕидовите се направени шупливи, а во нив се инсталирани машини и погони за да биде конструкцијата економична.

7

Биле потребни 14 дена за водата од реката Парана целосно да ја наполни акумулацијата до длабочина од 100 метри. За да се спречи прелевањето на браната, изградени се преливници кои се проектирани да поднесат 64 милиони литри вода во секунда. Кога првпат е тестиран, тоа бил најголемиот пад на вода што човек некогаш го направил.

3

10

Занимливости

- За изградба на браната употребени се 50 милиони тони земја и камен

- Со бетонот користен за изградба на браната може да се изградат 210 фудбалски стадиони со големина на Маракана во Бразил

- Од железото и челикот употребени за изградбата може да се направат 380 Ајфелови кули

- Количината на ископана земја во овој проект е 8,5 пати поголема од онаа ископана при изградбата на Евротунелот.

- Должината на браната е 7235 метри, а максималната висина е 225 метри

- Максималниот проток е 62,2 илјади кубни метри вода во секунда

- Во 1994 година, браната Итаипу е прогласена за едно од седумте чуда на современиот свет од страна на Американското здружение на градежни инженери

- Поради реализација на браната иселени се 10.000 семејства

- Проектот е завршен во мај 1984 година. Електричните кабли се со должина што може да го обиколат светот 1-1/2 пати

- Со браната раководи и ја одржува Itaipu Binacional Company

4

9

0

6

8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top