Насловна / Вести / Босна и Хергецовина забранува изградба на мали хидроцентрали

Босна и Хергецовина забранува изградба на мали хидроцентрали

Владата на Федерацијата БиХ, го усвоила предлогот за измени и дополнувања на Законот за електрична енергија во БиХ, со кои се запира издавањето дозволи за изградба на мали хидроцентрали (МХЕ) со инсталирана моќност до 10MW. Инсталирањето на вакви хидроцентрали во иднина ќе биде дозволено само на гравитационите водоводи. Истовремено, се дефинира и поимот – мала хидроцентрала. Во јуни 2020 година, Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, усвои декларација за заштита на реките и гласаше за забрана на малите хидроцентрали. Тогаш е речено дека Владата на Федерацијата БиХ има рок од три месеци да ги предложи измените на законот и да ја воведе забраната.

bih1

Досегашниот Закон во Федерацијата БиХ, нема прецизна дефиниција на поимот мала хидроцентрала, а граничната моќност се разликува од земја до земја. Во Европа, се повеќе се прифаќа капацитет до 10MW инсталирана моќност, како горна граница која е поддржана и од страна на Европското здружение на мали хидроцентрали  (ESHA) и Европската Комисија.

bih2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top