Насловна / Вести / Бил Гејтс и Европската Комисија во партнерство за намалување на цените на зелената енергија

Бил Гејтс и Европската Комисија во партнерство за намалување на цените на зелената енергија

Европската Комисија и основачот на  Microsoft Бил Гејтс, преку организацијата Breaktrough Energy , основана во 2015 за поттикнување на иновации во зелени технологии, ќе мобилизира милијарда УСД во периодот 2022 – 2026 година, со цел да ја забрзаат масовната примена на чистите енергетски технологии. Програмата за неповратни средства и фондови е насочена кон следните сектори: зелен водород, одржливи авионски горива како и долгорочно складиштење на електрична енергија. Целта е во инсицијативата да се привлечат пошироки приватни вложувања. „Декарбонизацијата на глобалната економија е најголемата шанса з аиновации која светот било кога ја видел. Европа ќе игра клучна улога, покажувајќи доследна посветеност за климата, но и демонстрирајќи го доглогодишното глобално водство во науката, инженерството и технологијата“ рекол основачот на Breaktrough Еnergy, Бил Гејтс. Breakthrough Energy планира да ги здружи силите со програмите на ЕУ, како што се  Horizon Europe и Фондот за иновации, со цел да го финансира партнерството.  Програмата ќе ја води Европската Инвестициска банка и други финансиски институции во рамките на InvestEU. Повикот з аискажување на интерес за партнери на InvestEU, е отворен до 30-ти јуни.  

breaktrough1

breaktrough2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top