Насловна / Архитектура / Јавен повик за Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023

Јавен повик за Биенале на македонската архитектура – БИМАС 2023

Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) го отвори повикот за учество на Биеналето на Македонската Архитектура. Имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво во периодот од 2020 до денес, а како резултат на тоа и неможноста за организација на 20. Биенале во дадениот период, Управниот одбор на Асоцијацијата на Архитекти на Македонија донесе одлука за интегрално одржување на 20. и на 21. издание на Биенале на Македонската Архитектура. Настанот ќе се одржи во период од 14. до 30. септември, 2023 година, во НУ “Национална Галерија – Мала Станица“ и во “Музеј на Современа Уметност“ во Скопје, во чии рамки ќе бидат изложени проектни решенија и реализирани проекти во периодот од 2018 до 2020 година и од 2021 до 2023 година.

113

Право на учество во БИМАС 2023 имаат архитекти, државјани на Република Северна Македонија и правни лица ‐компании, кои учествуваат со дела на архитекти, државјани на Република Северна Македонија. Вон конкуренција, можат да учествуваат и странски државјани, архитекти со соодветно образование, со дела проектирани и изведени на територијата на Република Северна Македонија.

Рок за пријавување на трудовите е до 07.06.2023 година.  Сите заинтересирани за учество кои ги исполнуваат критериумите, може да добијат пријавен лист и упатство за подготовка на пријавата по електронска пошта: kontakt.aam@gmail.com или на www.facebook.com/arhitekti.mk.

Повеќе информации во однос на повикот, процедурите и начинот на селекција на трудови, може да бидат пронајдени во рамки на Јавниот Повик, достапен на www.facebook.com/arhitekti.mk.

аам

Испрати коментар

Scroll To Top