Насловна / Ентериери / Беспрекорен дизајн на када и мијалник

Беспрекорен дизајн на када и мијалник

беспрекорни мијалник и када_1

За оние за кои бањата претставува оаза на опуштеност, дизајнирани се када и мијалник Vessel со супериорен дизајн. Дизајнерскиот колектив Splinter Works специјализиран за бањи, но само за оној вид во кој еднаш кога ќе влезете не сакате повеќе да излезете. Во нив царува беспрекорен луксузен дизајн, што ги прави оази на релаксација дури и за оние најпребирливите. беспрекорни мијалник и када_4

Игнорирајќи ја традиционалната бела боја која најчесто се користи во уредување на бањите, тие се одлучиле за црната. Исто така, напуштајќи ја керамиката и мермерот, луѓето од ова дизајнерско студио се посветени на нови материјали – односно заради посебните карбонски влакна, оваа када има тежина од само 14 килограми, што значи дека може да биде поставена на кое било место без страв од пропаѓање. беспрекорни мијалник и када_3

Дизајнот на кадата го имитира дизајнот на мијалникот и така формираат идеален пар за еден простор. Но, ваквиот раскош и чини, па така цената на овој комплет изнесува речиси 20 илјади фунти.

беспрекорни мијалник и када_2

Испрати коментар

Scroll To Top