Насловна / Архитектура / Белградски викенд на одржлива архитектура

Белградски викенд на одржлива архитектура

Трета година по ред на почеток на октомври (4. – 6.10.) во Белград се одржува конгрес на одржлива архитектура, кој првите две години беше под име конгрес САЕЕ. Оваа година, покрај сменетото име, забележливо е дека имаше поголем број на спонзори и посетители. Како и претходните два пати, ова случување се одржа во зградата на Југословенската кинотека и неговата цел е промоција на одржливата градба како значајна архитектонска и општествена тема. Манифестацијата има регионален карактер, бидејќи покрај здружението Екокулт+, Архитектонскиот факултет од Белград, списанието Еко Куќа, во организацијата учествуваат и архитектонските факултети од Подгорица и Загреб.

3_SAEE

Концептот на ова случување се базира на два дела: предавања и работилници кои ги одржуваат некои од предавачите. Оваа година, десет предавачи доаѓаат од десет земји и може да се забележи и покрај тоа што темата е заедничка, дека постојат различни видувања, што е всушност одржлива архитектура. Тој дел претставува особено интересен аспект, бидејќи покажува дека одреден поим во архитектурата, може често дијаметрално различно да се толкува.

00-svi
Предавањата ги отвори Томас Рау, архитект од Холандија, кој се смета и за визионер и за иноватор. Тој претстави некои од своите проекти, но и систем на циркуларна економија, наречен Мадастер, кој претставува голем катастар на градежни материјали, со идеја да се намали градежниот отпад и да се создаде можност за негово повторно користење на нови проекти, што е и покажано на примерот на деловната зграда Шимано, каде дури 82 отсто од употребените материјалите се од постоечки згради кои се заменети со нови.
Потоа архитектот од Хрватска, Идис Турато, говореше за новите општествени околности и новата улога која архитектот ја има денес. Тој преку некои примери го прикажа размерот на проектираниот простор во кој живееме денес.

1-3
Од Шпанија дојде Марија Лангарита, добитник на наградата Young architect of the year 2014, која низ серија свои проекти, каде може да се види интересна употреба на зеленило во архитектурата, го покажа нејзиното разбирање за одржлива архитектура.
Петер Пишлер од Италија говореше за своите архитектонски дела, на почетокот поставувајќи прашање дали ни е потребна традиција или револуција. Низ интересни проекти објасни дека за него е важно истражувањето, што е тоа локално и дека тука го гледа изворот на одржливоста во архитектурата.
Последниот предавач на првиот ден на конгресот беше Марко Лавит од Франција, млад архитект добитник на наградата Rising talents award. Исто така ги претстави своите проекти, кој не се само од сферата на архитектурата, туки и од дизајнот на мебел. Неговата архитектура ја карактеризира интересна употреба на дрво со различна форма и димензија.
Вториот ден на предавањето го отвори либанскиот пејзажен архитект, со потекло од нашиот регион Владимир Ѓуровиќ. Тој низ серија негови проекти прикажа што за него претставува поимот одржливост со посебен фокус на употреба на водата во проектирањето пејзажи, како и примери како од пустина може да се создаде нов парк, па дури и шума.

1-6
Потоа на ред дојде и претставникот на Србија, професорот Бранислав Митровиќ, кој главно ги претстави проектите на туристички комплекси на црногорското приморје, каде фокусот е на што подобра интеграција на објектите во постоечкиот амбиент. Така публиката можеше да види неколку проекти на хотели, кои делуваат потполно вклопени во постоечкиот карпест пејзаж.
На ред дојде и Бил Дунстер од Велика Британија, станува збор за архитект кој се специјализирал за реализација на згради со нулта емисија на јаглерод и ја претстави филозофијата на својата фирма Zedfactory, преку серија објекти во различно климатско опкружување во различни делови на светот.

Jugoslovenska_kinoteka_Belgrade
Како ја разбираат одржливоста на север, објасни Ану Пустинен од Финска, која зборуваше во име на компанијата Аванто. Таа преку неколку проекти покажа колку барањата за одржливост се различни на север, каде е поладно.
Конгресот го затвори словенечкиот архитект Роберт Клун, кој е победник на конкурсот за павилјон на Словенија на ЕКСПО 2020 за изложбата во Дубаи.
Конгресот Одржлива архитектура, полека станува препознатливо архитектонско случување во Белград и во регионот. Со идеја постепено да расте секоја година како со изборот, така и со квалитетот на содржините кои им се нудат на посетителите. Во исто време тоа е одлична можност да се согледаат често многу различните погледи на архитектурата и идејата за одржливост. Како и тоа од секого да се научи нешто ново и да се разбере дека одржливоста како концепт е многу широка идеја која може да собере многу погледи на светот, а пак сите тие погледи да го сочинуваат она што е идеја на ова случување – одржлива архитектура.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top