Насловна / Архитектура / 4. Балканското архитектонко биенале (БАБ)

4. Балканското архитектонко биенале (БАБ)

Четвртото издание на Балканското архитектонко биенале (БАБ) ќе се одри од 14. до 21. ноември во киното „Балкан” во Белград на тема Декодирање на Балканот.
Станува збор за научно – културно случување, кое подразбира изложба на архитектонски и урбанистички проекти, изложба на мебел и ентериер и меѓународна научна конференција. Овогодинешното Биенале е подржано од страна на Фондацијата Саша Марчета.
„Целта на БАБ е да се прикаже и преиспита полето на критичкиот регионализам на подрачјето на Балканот, како и да се воспостави интернационален дијалог меѓу праксата“, се вели во соопштението.

баб1
Покрај главната изложба на која ќе бидат изложени преку 130 трудови во различни категории во форма на паноа, макети, видео материјал, објекти од областа на дизајнот во киното „Балкан“ ќе се одржи и пратечка програма на Биеналето, која опфаќа БАБ кино, како и разни панели и дискусии.

Архитектонска изложба
Стручно жири на чело со др Соња Радовиќ Јеловац ќе додели награди во три категории: (1) урбан дизајн, (2) архитектура, (3) конкурси и нереализирани проекти. Останати членови на жирито се Ebru Erdönmez (Турција), Ileana Tureanu (Романија), Харис Пиплаш (Босна и Херцеговина), Ален Жуниќ (Хрватска), Владимир Анѓелковиќ (Србија), Саша Беговиќ (Хрватска), Горан Војводич (Србија) и Реља Иваниќ (Србија).

KOSOVO-EU-EUROPE-DAY

Дизајнерска изложба
Стручно жири на чело со Никола Новаковиќ ќе додели награди во две категории: (1) дизајн на ентериер и (2) дизајн на мебел. Членови на жири за оваа изложба се: Ксенија Ѓорѓевиќ (Србија), Ника Жупац (Словенија), Наташа Перковиќ (Босна и Херцеговина) и Ргулар Студио (Хрватска).
Еден автор или биро може да приложи најмногу два плаката за излагање на дизајнерската изложба.
Котизацијата за учество изнесува 50 евра по плакат, проектите можат да се испратат до 1. ноември. Излагање на парчиња мебел се врши без котизација.

Рок за достава на плакатите е до 1. ноември
Заинтересираните автори можат да постават прашања на следните адреси:
Архитектонска изложба – architecture@bab.rs
Дизајнерска изложба – design@bab.rs
Меѓународна конференција – conference@bab.rs
Повеќе информации на: http://www.bab.rs

Испрати коментар

Scroll To Top