Насловна / Арт и дизајн / Белград: Кошаркарски терен од рециклирани патики

Белград: Кошаркарски терен од рециклирани патики

Креативната агенција Accept & Proceed, проектирала нов кошаркарски терен во Белград за Nike, користејќи 20.000 рециклирани патики. Инспириран од кампањата и брендот Move to Zero, проектот опфаќа кошаркарски терен, детско игралиште, простор за фитнес, како и обнова на постоечките ревизити и елементи. Овој проект има за цел обнова и зајакнување на околината. преку обезбедување на простор за игра и спортување. Постоечките спортски реквизити обезбедени од Општината се обновени и дизајнирани во духот на Move to Zero кампањата. Matthew Jones, креативниот директор на Accept & Proceed, објаснува дека „е особено горд што му помогнал на светскиот спортски бренд во иницијативата за одржливост. Визуелниот идентитет за брендот на Nike, Move to Zero е оживеан преку дизајнот на кошаркарскиот терен и детско игралиште во Нов Белград. Блокот 70 не е случајно избран, туку поради неговата долга историја поврзана со кошарката“. Nigel Cottier, главниот проектант на Accept & Proceed, вели дека “со Nike Belgrade, направена е еволуција на визуелниот јазик кој е развиен со Move to Zero идентитетот на  Nike, преку вклучување на широка инвентивност во означувањетро на брендираниот терен. Употребените 20.000 патики за изградба на овој проестор биле донирани од страна на локалната заедница.

novbelgrad1

novbelgrad2

novbelgrad3

novbelgrad4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top