Насловна / Вести / Белгија ги удвојува капацитетите во офшор ветерни централи

Белгија ги удвојува капацитетите во офшор ветерни централи

Белгија планира да гo удвои инсталираниот капацитет во ветерните централи во Северното море, со што наскоро вкупниот инсталиран капацитет од овој извор би достигнал  4GW.  На развојот на новите офшор ветерни паркови ќе му се посвети нова површина од 221 квадратни километри до 2020 година, а веќе во моментот во употреба е зона од 225 квадратни километри во близина на брегот на Zeebrugge. Новата зона за изградба на офшор ветерни централи ќе биде на оддалеченост од 35 до 40 km и нема да го нарушува видикот од копното. Со проширување на капацитетите во ветерна енергија, владата настојува да ги замени нуклеарните капацитети со обновливи извори на енергија. Ова е во согласност со националната цел за зголемување на уделот на „зелена“ енергија и елиминација на нуклеарките до 2025 година.

belgium 1

Belgium 2

Испрати коментар

Scroll To Top