Насловна / Архитектура / Оживување на срцето на градот и негово поврзување со реката

Оживување на срцето на градот и негово поврзување со реката

Просторот делува како еден вид “јавна дневна соба” наменета за целата заедница, реактивирајќи го неискористениот дел од градот и привлекувајќи ги локалните жители назад кон реката Хантер.

1

Во последниве години, руралниот центар на Maitland, Австралија го сврте грбот кон реката, исклучувајќи ја од главните комерцијални и заеднички активности. Серијата поплави довеле до тоа локалното население веќе да не ја гледа реката како предност, туку како закана.

11
Проектантското биро CHROFI идентификуваше можност да помогне во промена на перцепцијата на реката и оплеменување и заживување на просторот околу Хантер. Бирото тесно соработуваше со Градскиот совет на Maitland за да пронајде објекти кои би можеле да се купат и да се реновираат за да станат атрактивни за ревитализација на центарот на градот.

2
Новиот објект проектиран од CHROFI ги обединува двете клучни точки на Maitland, архитектонски богатата улица High Street и еколошката удобност на реката Хантер. Зградата е обликувана како “скулпторски портал”, кој ги формира погледите кон и од реката Хантер и ги привлекува луѓето да минуваат низ просторот, реактивирајќи го недоволно искористениот дел од градот. Објектот располага и со кафуле и ресторан, како и јавни удобности.

6
Архитектурата има силно присуство на улицата полна со историски градби и е препознатлив белег кој се гледа од реката. Прецизните агли на ѕидовите, таванот и основата ја обликуваат “јавната дневна соба” која нуди удобно место за седење, мобилна библиотека, висококвалитетни јавни добра и кафе – ресторан, кој може да се трансформира во отворено кино или театар за специјални настани. Рачно изработената тула била избрана како примарна градба, за да се надополнат текстурите на тули и песочни камења на градот. Единствените агли им помагаат на монолитните ѕидови да се наклонуваат со неверојатни агли, давајќи му на материјалот остар, апстрактен квалитет.

7

12

8

10

MAITLAND RIVERLINK

MAITLAND RIVERLINK

Испрати коментар

Scroll To Top