Насловна / Саеми / Bau 2009 – Минхен

Bau 2009 – Минхен



44.jpgДеновиве Минхен беше центар на планери, проектанти и градители од цел свет.Илјадници изложувачи и посетители се сретнаа на една од најголемите саемски манифестации БАУ – 2009, која традиционално се одржува во Минхен, Република Германија, на секои две години.



Меѓу посетителите од нашата држава беше и инженерскиот тим од целиот
Деловен Систем Адинг, кои и ни ја подготвија оваа фото репортажа од
големиот настан. Екипата од градежни инженери, архитекти и технолози мо
жеа да ги видат иновациите за градежните материјали и најновите
системите за градење. Новитетите од областа на градеж ната индустрија и
архитектурата, беа претставени на највисоко ниво, со што се потврдува
големината и значењето на саемската манифестација. Во објектот на New
Munich Trade Fair Centre, на вкупно 180.000 квадратни метри, БАУ
привлече 210.000 посетители со што го постави новиот рекорд во својата
40- годишна историја. 

Присуството на новитети од кинески и јапонски компании с¢ уште еден доказ за високиот рејтинг и посетеност на46.jpg саемот надвор од Европа. Преполните штандови и посетителите од различни профили го создадоа впечатокот за отсуство на светската економска рецесија. Вистинско надополнување се до живува со врвно дизајнираните штандови и употребата на екстремно модерни материјали и креации. Беа изложени многу светски компании како што се: BASF,SIKA,SHUCCO,KESSEL, RIKUTEC,MAPEI и други. Во ортогоналната диспозиција на 17-те саемски хали, изложувачите беа фокусирани на изнаоѓање начини за заштеда на енергија, пронаоѓање енергетски ефикасни производи, адаптација и модернизација во градењето47.jpg


. 48.jpgИнтензивните деловни средби, како и добиените информации за најсовремените иновации ќе бидат поттик за нови идеи и предизвици. Наредната Бау манифестација ќе се одржи во 2011година од 17 до 22 јануари, а дотогаш да се надеваме дека барем една македонска компанија ќе ја видиме како изложувач на овој најголем европски саем за градежништво и архитектура.49.jpg  
Објавено во бр.99, петок 30.01.2009 

Испрати коментар

Scroll To Top