Насловна / Архитектура / Бамбусови куќи создадени за одмор и медитација

Бамбусови куќи создадени за одмор и медитација

Оваа необична градба се наоѓа на врвот на еден рид во северниот дел на Чианг Маи и ​​се карактеризира со уникатен поглед на северниот планински венец.

bambus7

Верувале или не, овој проект всушност е нарачан од 90-годишна дама, инаку член на кралското семејство, која на почетокот само барала место за уживање во зајдисонцето и за собирање на семејството. Меѓутоа, бидејќи се работи за жена која е активен член на будистичката заедница, наскоро бил постигнат договор за уредување на просторот за духовна пракса.

bambus1

Проектот на сите згради имитира планински венец и брановидни ридови. Така, зградите се обликувани во пејзажот како да израснале сами таму. Просторот за медитација е проектиран како купола на катедралата, а за таа цел се формирани бамбусови сводови кои истовремено се и структурна потпора на целиот објект. Исто како во римските или готските катедрали, тие носат пловечки покрив во облик на чадор со светла како небо.

bambus2

До просторот за медитација има бања со тушеви и тоалети. Зградата има впечатлив покрив од бамбус на врвот, а до бањата има помала зграда од бамбус во форма на печурка која крие резервоар за вода и уште една помала зграда за бунар.

bambus3

Целиот бамбус е добро селектиран според возраста и се третира со натопување во раствор од боракс или борна киселина, па затоа не е чудно што благодарение на овој уникатен природен материјал е создаден идеален простор за одмор, релаксација и медитација.

bambus4

bambus5

bambus6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top