Насловна / Вести / Бајден планира New Deal во електромобилноста и сообраќајот

Бајден планира New Deal во електромобилноста и сообраќајот

Американскиот претседател Џо Бајден, ќе предложи амбициозен план за вложувања, со цел модернизирање на американската сообраќајна инфраструктура, како и отворање на милиони нови работни места. Планот предвидува вложување од 620 милијарди УСД во сообраќај, вклучувајќи и реконструкција на 32.000 километри патишта и автопатишта, поправка на илјада мостови и двојно поголеми сојузни издатоци за јавен превоз.

biden1

Бајдновиот план предвидува и „поттикнување на револуција на електричните автомобили“, со изградба на мрежа од 500.000 станици за полнење на електрични возила, замена на 50.000 јавни возила на дизел и електрификација на 20% од училишните автобуси, додека инфраструктурата ќе се направи поотпорна на климатските промени. Имајќи во предвид дека голем дел од американската инфраструктура потекнува од 50-тите години на минатиот век, многу американци сонуваат за нови патишта, мостови, пруги и аеродроми. Но, политички консензус за остварување на Бајденовиот план, ќе биде тешко да се постигне. И Барак Обама и Доналд Трамп имаа големи амбиции и дадоа големи ветувања во тој поглед, но не постигнаа многу. Главното прашање е кој ќе го плати сето тоа. Се планира вложувањата делумно да бидат покриени преку зголемување на корпоративниот данок од 21% на 28%.

biden2

 

Испрати коментар

Scroll To Top