Насловна / Вести / Австралиската градина изразува почит и стравопочит кон пејзажот

Австралиската градина изразува почит и стравопочит кон пејзажот

Во Австралија во каменолом за песок направена е ботаничка градина, која им овозможува на посетителите да следат метафорично патување и по вода низ австралискиот пејзаж, од пустината до брегот.

6_resize

Cranbourne Gardens е оддел на Royal Botanic Gardens Victoria која се наоѓа во срцето на Мелбурн, додека Cranbourne Gardens  е 30 километри јужно од Мелбурн кај Кралските ботанички градини, во Кранборн. Тоа е градина која ја прикажува флората на Австралија на креативен, интерактивен и едукативен начин.

1_resize

Градината е специјализирана за австралиски автохтони растенија. Во површина на овој оддел вклучени се пустина, мочуришта и шуми. Градините исто така обезбедуваат живеалиште за автохтони птици, цицачи и влекачи, вклучително и некои ретки и загрозени видови.

3_resize

Оваа градина го користи австралискиот пејзаж како своја инспирација за да создаде низа моќни уметнички и скулпторски пејзажни искуства, кои ја препознаваат неговата разновидност, ширина, обем и прекрасни природни контрасти. Преку креативни пејзажни композиции, градината има за цел да ги охрабри и едуцира посетителите за разновидноста на австралиската флора.

2_resize

Cranbourne Gardens  ги ангажира посетителите со изразување на односот љубов и омраза, кои Австралијците ги имаат кон својот пејзаж. Луѓето го прифаќаат или го избегнуваат, го сакаат поради неговата возвишена убавина или се гнасат од него како причина за многу тешкотии.

Пејзажните архитекти Paul Thompson и Taylor Cullity Lethlean, проектанти на градината велат дека „овие тензии се креативна генеза на дизајнот, кој ја изразува нашата почит и чувство на стравопочит кон природниот пејзаж и нашиот вроден импулс да го смениме, да го претвориме во убава форма измислена од човек“. Преку уметноста на пејзажната архитектура, овој интегриран пејзаж, комбинирајќи ги хортикултурата, архитектурата, екологијата и уметноста, создава најголема ботаничка градина посветена на австралиската флора.

4_resize

RedSandGarden-Pano-RBG-CranbourneVIC_resize

Изградбата на оваа ботаничка градина во 2012 година, доаѓа во време кога во светот, поимот ботаничка градина се испитува преку постојните истражувачки и рекреативни парадигми и повторно се пренасочува кон пораките за зачувување на пределот и обновување на интересот за значаен ангажман на посетителите.

11_resize

На источната страна од градината има изложба на зеленило, приказ на пејзаж, низ дрвореди кои ја илустрираат тенденција да се гради пејзаж на поформални начини, додека на западната страна, посетителите се во втор план во споредба со градините кои се инспирирани од природни циклуси, а тоа се тродимензионални предели и неправилни флористички форми.

8_resize

Австралиската градина во рамките на својот прекрасен пејзаж е дом на изложбени градини каде што може да се истражува убавината и разновидноста на австралиските растенија и врските што се развиваат помеѓу луѓето, растенијата и пејзажите. Австралиската градина е исто така место каде што може да откриете инспирација и информации за тоа како да користите австралиски растенија во вашата домашна градина.

10_resize

Шетањето низ австралискиот пејзаж е патување на постојани ткаења, смени и скокови. Никогаш не се патува по права линија – флората попречува. Оваа кореографија на движење е пресликана во Cranbourne Gardens , каде што посетителите се носат на изразито неконвенционално патување. Посетителите се поканети во пејзажот преку систем на патеки кои постојано се формираат според наративот на пејзажот и искуството на градината. Крцкавите патеки во делот наречен Gondwana Garden се менуваат за да станат надводна кружна плоча која се поврзува со поле со камења каде што вистинската патека повеќе не е видлива.

The-Australian-Garden-by-Taylor-Cullity-Lethlean-and-Paul-Thompson-01_resize

Австралиската градина, има и друга улога, како нова јавна сфера на градот кој постојано се шири. Пораките за биодиверзитетот и одржливоста се интегрирани во нејзината улога како нова голема дестинација за посетители, каде што посетителите не само што може да ги истражуваат збирките на растенија, туку може и да се забавуваат, преку интерактивни работилници, музика, кино, продавници, кафулиња и претстави.

Australian Garden Stage 2

9_resize

Оваа градина се смета за лидер во развојот на животната средина во однос на биодиверзитетот, малата потрошувачка на вода од која зависи хортикултурата, проектираните текови на водата и изборот на одржливи материјали. Овие прашања се интегрирани во целовита композиција, покажувајќи дека проектот е повеќе од збирот на неговите делови, наместо тоа, потполно е холистички и со единствен креативен исход.

5_resize

WaterSavingGarden,RBG-CranbourneVIC_resize

Испрати коментар

Scroll To Top