Насловна / (page 1035)

Author Archives: Порта3

Feed Subscription

Покривна конструкција – првенец во државата

geodetkska-kupola-thumb.jpgФилип РИСТЕСКИ, Коста КОЧКОВ - Собраниската сала за репрезентативни намени е комплетно во челична конструкција, со кружен облик во основа и се состои од подна конструкција и покривна конструкција од типот геодетска купола. Ваков тип на покривна конструкција за прв пат се гради во Република Македонија и затоа нејзиното проектирање е интересно од повеќе аспекти. 

повеќе »

Енергетски ефикасните градби – објекти на иднината

energetski_efikasni_raboti_thumb.jpg"Свесни сме дека енергијата денес сè помалку ја има, станува сè поскапа и сè повеќе загадува. Потрошувачката на енергија сè повеќе се зголемува, а ние сме должни да се свртиме кон одржливите извори на енергија и да применуваме практики за енергетска ефикасност за да ја обезбедиме иднината на нашите деца и идните генерации", истакна скопскиот градоначалник Коце Трајановски на одбележувањето на седмата годишна манифестација "Недела на енергетика - Македонија 2011"

повеќе »

Убави градови, музеи, галерии…

muzejot-na-branli-thumb.jpgВо Париз, центар на западната култура, да се направи адекватен музеј на култури кои не се западни, туку се култури на Африка, Азија,Океанија и Америка, беше предизвикувачка задача за познатиот француски архитект Жан Нувел. Возбудата и енергијата од проектирањето е присутна, се чувствува насекаде.

повеќе »

Парк “Република Македонија” во Анкара

park-makedonija-ankara-thumb.jpgСе работи за ликовна интервенција со десет широки панорами од македонски градови, мозаично дополнети со теми од македонска архитектура и уметност, природни предели, маркантни орнаменти и реквизити од македонски обичаи.

повеќе »

Предавање на познатиот архитект Марио Бота

mario-bota-thumb.jpgВо презентацијата на своите грандиозни дела пред присутните во „Холидеј Ин“ во Скопје, Бота покажа дека неговите остварувања имаат силно чувство на геометрија, што често се базира на едноставни форми кои создаваат уникатна просторност.

повеќе »

Шарената џамија во Тетово

sarena-dzamija-tetovo-thumb.jpgШарената џамија, како недвижно наследство заштитено со закон уште пред 60 години, е културно- уметничко сведоштво со висок степен на изворна зачуваност и карактеристични архитектонско уметнички елементи, кои го оправдуваат статусот на културно наследство од исклучително значење. Нејзината монументалност и значење, пред сè, се препознаваат во специфичната надворешна и внатрешна декорација.

повеќе »

како до подобар закон за Градење?

fakom-ad-thumb.jpgСегашниот Закон за градење претежно се занимава со регулирање на формалните права и надлежности, пред сè на органите на јавната администрација. Значи, во повеќе од две третини од законот, тој се занимава со правата и надлежностите на инспекцијата, министерството и глобите!

повеќе »

Светскиот архитект Марио Бота оддржа предавање пред македонските студенти и архитекти

mario-bota-thumb.jpgСветски познатиот архитект Марио Бота, денес во Скопје и Тетово оддржа предавање за архитектурата и неговите архитектонски дела. Швајцарската амбасада во Македонија во соработка со Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје и Државниот универзитет од Тетово, го организираа гостувањето на светското име во архитектурата кој зад себе има оставено многу восхитувачки дела.

повеќе »

Имели – полупаразитски растенија

imela-thumb.jpgИмелите се полупаразитски растенија бидејќи од растението домаќин ги користат неорганските материи, а со помош на зелените ливчиња и сончевата светлина сами произведуваат органска материја потребна за нивниот раст и развиток.

повеќе »

Бело софистицирано и елегантно

potkrovje-bel-enterier-thumb.jpgВо теоријата на ентериерите прецизно е појаснет феноменот на поткровјата, зошто луѓето толку сакаат да живеат во таков простор, зошто најубавите спални соби се секогаш во поткровјата ... Привлечноста на овие простори за домување се крие во присуството на повеќе ѕидни и тавански површини отколку во стандардните станови. Ѕидовите значат закрила, сигурност. Покрив кој можеме да го допреме со едната рака секогаш го затоплува додатно ентериерот.

повеќе »

Архитектура која го обвиткува телото

arhitektura-koja-go-oblikuva-teloto-thumb.jpgДодека бројни изложби ја истражуваат врската помеѓу уметноста и модата, помалку внимание е посветено на нејзиниот однос со архитектурата и покрај големите преклопувања на стратегии и техники кои ги споделуваат и поврзуваат овие две дисциплини. Од 80-тите години на минатиот век, голем број авангардни модни дизајнери им пристапуваат на облеките како архитектонски конструкции, додека самата архитектура смело ги прифаќа новите материјали и форми.

повеќе »

Градителско сведоштво за идните генерации

muzej-na-makedonskata-borba-za-drzavnost-i-samostojnost-thumb.jpgИнспирацијата од своето минато не можете да ја увезете, да ја донесете и да ја пренесете, бидејќи таа е тука, околу нас и заедно со нас. Единствено што ви преостанува е само да ја почувствувате и да ја откриетe. Имаме среќа што се родивме, растевме, едуциравме и твориме во земја, каде што не би требало да чекориме тврдо- главо и насилно, туку со почит и одважност затоа што секоја педа од оваа земја е историја, или како што би рекол професорот Борис Чипан „на секој чекор се сопнуваме од остатоци од историјата“.

повеќе »
Scroll To Top