Насловна / Архитектура / Бело софистицирано и елегантно

Бело софистицирано и елегантно

potkrovje-bel-enterier-thumb.jpgВо теоријата на ентериерите прецизно е
појаснет феноменот на поткровјата,
зошто луѓето толку сакаат да живеат во
таков простор, зошто најубавите спални
соби се секогаш во поткровјата … Привлечноста на овие простори за домување
се крие во присуството на повеќе ѕидни и
тавански површини отколку во стандардните станови. Ѕидовите значат закрила,
сигурност. Покрив кој можеме да го допреме со едната рака секогаш го затоплува додатно ентериерот.

Сепак, самата
организација на живот во поткровјето е
воедно дилема и задоволство, зашто не е
лесно да се уреди ваквиот простор, особено да се опреми со мебел.

 

Префинето и софистицирано, тоа е
клучниот збор кој го детерминира нашиот денешен простор. Примарниот позитивен зафат бил добриот проект за
севкупниот простор на овој 4-собен поткровен стан. Потоа и деталите: замената на стандардните прозорски окна
со нови алуминиумски лизгачки врати
застаклени со термопан, како и внатрешните врати со нови. Натаму, просторот е најнапред демаркиран со
отворање на одредени ѕидови и негово
проширување. Потоа е дематеријализиран со постапката на боење на ѕидовите
и таваниците во снежно бело. Изборот
на ќерамички плочки со ефект и димензии на дабов паркет под кои се крие
квалитетно подно греење, е само уште
еден податок кој говори во насока на
квалитетот на овој објект генерално.

potkrovje-bel-enterier-1.jpg 

Сосема белиот мебел, како плочестиот така и тапацираниот само го
прави просторот уште повоздушест,
отворен и флуиден.
И одеднаш среде оваа мекост одделни динамични точки: скали, библиотека, во темната африканско венге завршница нанесена врз дабовото дрво.
Тенденциозно малкуте комоди, едната за ЛЦД и втората трпезариска, се
изведени во фурнир со бел ефект, за истите да се стопат со заднината.
Погледите низ куќата во ентериерот од соба в соба, од ниво на ниво, од
внатре кон надвор значат голем придонес во просторниот квалитет. Отсуството на контрастот во боите кај
мебелот овозможува стопување на различните зони во рамките на единствениот простор, кој е помалку опремен со
мебел. Во скоро празните соби погледите се фокусираат на уметничките
дела на ѕидот и на одредените доминантни парчиња мебел и скулптури.
Особено убав детаљ се доминантните и
маркантни инокс лустери во вид на големи сфери опремени со халогено светло.

potkrovje-bel-enterier-2.jpg 

Влезот во станот ја креира сцената на
ентериерот. Подната обработка (начинот на редење) го нагласува ефектот на
експанзија на просторот.
Животот во просторите со отворен
план каде има минимум прегради помеѓу
зоните како тука, полутранспарентна
преграда со кујната, драматично ја зголемува перцепцијата на ентериерот.
При ваквата постапка важно е да не
се занемари приватноста и конзистентноста на другата зона во станот, а тоа е
ноќната. Во случајот на овој објект спалните за децата се на кат, односно под
пазувите на покривот.

potkrovje-bel-enterier-3.jpg 

Погледнете само како е добар спојот
помеѓу дневната соба и кујната, дис-
кретно отворена кон трпезаријата, но
бидејќи е апсолутно бела таа се стопува
со ентериерот, а и со карактерот на домаќинката и нејзините афинитети во готвењето. Оваа кујна е добар избор за
оние што сакаат да готват во друштво.
Ова е новата омилена завршница
меѓу нашиот народ, ултрамодерна.
Белиот ефект врз дабовиот фурнир
во комбинација со сегменти од егзотични фурнири како декорација е повеќе од посакувано сценарио. Егзотичните фурнири како на пример овој,
употребен за изработка на високата вит-
рина во кујната им го предлагаме на
оние што одбираат користејќи го сопствениот интелект и срце, за задоволство во кујната.

potkrovje-bel-enterier-4.jpg 

Нејзината модуларност и богат ранг
на решенија, го прави секој проект возможен, и над сè според вашиот ,,персонален вкус во готвењето“. Зошто?
Затоа што е полна изненадувања, при
максимална сигурност во квалитетот и
удобност при користењето. Затоа што
нејзините размисли на тема ,,кујна“ се
многу напред… благодарение на нејзините високи технички и естетски квалитети. . . и благодарение на еден комфорен
и сценографски декоративен стил.

 

доц. д-р Елена НИКОЉСКИ ПАНЕВСКИ
дипл.инж.арх.
фото:Владимир СЕКУЛОВСКИ

 

Испрати коментар

Scroll To Top