Насловна / Архитектура / Архитект Кристинка Радевски е нов претседател на Комора ОАИ

Архитект Кристинка Радевски е нов претседател на Комора ОАИ

Архитект М-р Кристинка Радевски е нов претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери со мандат 2021-2025 година.

М-р Кристинка Радевски, дипломирала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св.„Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистерските студии ги завршува со цел стручна доквалификација и специјализација во струката на темата „Менаџирање со човечки капитал“.

к1_resize

Таа е архитект со повеќе од 28 години работно искуство и активен ангажман во сите фази на професијата. Специјалист во менаџирање на комлексни проекти, меѓународни проекти, инфраструктурни, јавни, станбени и административни згради, како и во областа на изградба на објекти од значење за државата, почнувајќи од проектирање, ревизија, надзор, изведба и следење на усогласеноста на процесите во градбата со националната легислатива. Нејзиниот долгогодишен професионален ангажман во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката го заокружува како директор на секторот за градба за цела Македонија. Пред стапување на функцијата Претседател на Комората, работела како специјалист за градба во тимот за имплементација на Проектот за локална и регионална конкурентност, финансиска операција на Европска Унија, Светска банка и Владата на РСМ за развој на туризмот во државата.

Била ангажирана и како советник за инвестициски активности на институции од значење за државата: Министерството за образование, Министерството за финансии, Министерството за култура, Министерството за одбрана и Министерството за здравство.

Член е и на Асоцијација на архитекти на Македонија, а ако активен член во работењето на асоцијацијата била вклучена и во Управниот Одбор. Била член на Македонската делегација што учествувала во работата на Генералното Собрание на 23th World Congress of Architecture, UIA 2008 Turin, Italy и на 24th World Congress of Architecture, UIA 2011 Tokyo, Japan.

Во работата на Комората се вклучува од 2012 година со активно учество во работењето на одбори, комисии и тела. Во мандатниот период 2016 – 2021 е Претседател на Надзорниот одбор на Комората. Исто така е претставник на Комората во Одборот за доверба и соработка со јавност при Архитектонскиот факултет во Скопје.

к2_resize

Во целост го пренесуваме нејзиното обраќање до членовите на КОАИ

Почитувани членови на Комората,

Голема е честа и задоволството, но и сериозна професионална обврска, во наредните четири години да се предводи Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Заедно со членовите на органите на раководење и со тимови од професионалци кои се залагаат за истите вредности, ќе го продолжиме патот на развој и етаблирање на Комората како самостојна, професионална и независна организација која постои за да ги штити интересите на инженерите и ги претставува нивните размисли за сите инженерски прашања во професионалното работење и во јавноста.

Комората е релативно нова професионална институција која низ периодот на своето тринаесет годишно работење воспоставила стандарди и принципи на работа. Заради одржување на континуитет, добрите практики во работењето ќе продолжат, но и ќе се надградат со нови, современи и напредни. Ќе продолжиме да се залагаме за подобрување на статусот Инженер во општеството но и пошироко, за подобрување на условите за работа, за воспоставување на повисоки стандарди на професијата, за остварување и заштита на правата на инженерите од сите инженерски струки. Во фокусот на работењето на Комората е и секогаш мора да биде Инженерот. Инженерот со големо И, без разлика на родова и национална припадност, без разлика од кој регион на нашава мала држава доаѓа, без разлика на неговата партиска определеност или неопределеност. Затоа што Инженерот конечно мора да го добие местото достојно на трудот што го вложува, местото што го заслужува во ова општество.

М-р Кристинка Радевски, дипл.инж.арх.

Претседател на Комора ОАИ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top