Насловна / Архитектура / Архитект Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“

Архитект Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“

Врз основа на одлуката на УО на Асоцијацијата на архитекти на Македонија -  ААМ донесена на 14.1.2021 година, наградата за животно дело во областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2020 година е доделена на Ѓоко Радовановиќ, дипломиран инженер архитект од Скопје.

01_Arhitekt Gjoko Radovanovic

Жирито во состав: претседател Мартин Гулески, д. и. а.; членови: Миодраг Митровиќ, д. и. а., Виолета Бакалчев, д. и. а., Јана Гугулоска-Ѓорѓевиќ, д. и. а., Ѕвонко Тасевски, д. и. а. едногласно поднесе предлог-одлука до УО на ААМ за негово прогласување за добитник.

Добитникот на наградата автоматски станува редовен член на Архитектонската академија на ААМ.

04_Soravia Centar Skopje

„Особено ми е драго што оваа награда се додели на еден истакнат архитект како што е Ѓоко Радовановиќ. Неговите архитектонски дела, стилот и изразот оставаат огромен белег, посебно на градот Скопје. Работата на архитект Радовановиќ е од суштинска важност за современата македонска архитектура, во целина“, истакна проф. д-р Мишко Ралев, претседател на ААМ.

02_Sportski centar Jane Sandanski

Ѓоко Радовановиќ е роден во Подујево, во 1949 година. Средно образование, насока архитектонски техничар, завршува во Ниш, а дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје. Радовановиќ зад себе има богато архитектонско творештво. Автор е на повеќе проекти и објекти од кои негови позначајни дела се: Соравиа Центар Скопје, Соравиа Ресорт Скопје, Спортски центар „Јане Сандански“, „Вила Дарко Панчев“ исто така во Скопје, индустриски објект „Рио Кафе” и многу други. За својата работа како признание од колегите Радовановиќ е добитник и на две големи годишни награди на ААМ, под покровителство на претседателот на РСМ – за Спортскиот центар ,,Јане Сандански“ (2014) и за „Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување“ во Скопје (2016).

03_Semejna kuka Domuvanje so poseben rezim

3 Коментари

  1. Ili ste utnale so tekstov ili arhitetkite treba da go smenat dilerot.
    Nagrada davaat za Soravia izgradena pred 100 godini sto nisto ne e posebno, za Vila Darko Pancev sto e uzas…
    Koj e toj beleg na Skopje? Luzna da ne mislite?
    Ako e taka , na Stone Design sto treba da im dadat??

  2. Pocituvan Gradeznik,
    1. Nagradata e za zivotno delo i ne e za konkreten objekt.
    2. Stone dizajn nema vrska so nagradata -
    naggradata se dodeluva na kcnost
    3. Za zivotno delo koga se dodeluva nagrada, osven dokazaniot kvalitet vo strukata, se ocenuva i opstestveniot ugled na licnosta, karakterot i nacinot na opstojuvanje vo site izminati godini ( bi trebalo dolg vek da opstojuva uspesno vo strukata )
    4. Da prekineme vekje so sporedbi neadekvaktni, toa samo ja pokazuva omrazata koja ja custvuvame
    i kompleksot koj go nosime
    5 Kojisijata za ocenka e relevantna ( za lugje koi se vo ovaa bransa ) i ne vkusni e i nivnata rabota da se devrqdira tolku lesno

    P.S Gjoko ja zasluzi nagradata, sekoja cest….

    • Cicko Zlate pozdrav
      Super si e toj vasiot Gjoko ama objektite mu se normalni, standardni, bez nekoi athitektonsko gradezni potfati. Sto se odnesuva do ugledot, izgleda poise e nagradava zatoa sto sekoj den se doteruval nego li zatoa sto sekoj den crtal ama ne bitno.

      Poentata mi e… davajte nagradi i na onie sto ne se kostumosani i masnosani ama se kreativni i rabotat… ima dosta takvi.. dajte nagradi na mladi za pottik…

      Sekoja cest na postarite kolegi… dajte im i na niv..

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top