Насловна / Арт и дизајн / Da Vinci of Debt, најскапо уметничко дело на светот

Da Vinci of Debt, најскапо уметничко дело на светот

Уметноста понекогаш успешно го пронаоѓа својот пат во секојдневието на нашите животи…

Како потврда на ова доаѓа најновото издание на младиот бренд Natural Light, хаотична, но пред сè флуидна концептуална конструкција, составена од 2.600 универзитетски дипломи. Наречен Da Vinci of Debt, овој проект автоматски е обележан како најскапото уметничко парче на светот.

6

Da Vinci of Debt ги илустрира неверојатните трошоци за факултетско образование во САД со уметничка инсталација направена од вистински дипломи.

Ова уникатно уметничко дело направено од 2.600 вистински дипломи, во САД во просек четиригодишно факултетско образование изнесува 180.000 долари, достигна неверојатна вкупна вредност од 470 милиони долари. Воедно, ова парче претставува омаж на обновената Natural Light College Debt Relief програма, првпат лансирана во 2018 година.

9

Коментирајќи за ова уникатно дело, Даниел Блејк, потпретседател на компанијата Value Brands, при асоцијацијата Anheuser-Busch, изјави: „Светот на уметноста е исполнет со парчиња со апсурдни цени, кои повеќето луѓе на ниту еден начин не можат да ги оправдаат, што секако ги прави совршен медиум за успешни кампањи. Овој посебен проект е вистинска аналогија на екстремно високите трошоци со кои се соочуваат младите за време на четиригодишното високо образование “.

5

4

Необичното уметничко дело претставува дипломи обесени среде голема сала, кои изгледаат како сите 2.600 да ги донел ветрот и хаотично ги распрснал низ просторот на галеријата „Vanderbilt Hall“ на њујоршкиот музеј Grand Central Terminal. Оваа поставка беше изложена од 14 до 16.01.2021 година, но сепак е можно да се посети виртуелно преку официјалната страница на Natural Light.

2

1

8

Испрати коментар

Scroll To Top