Насловна / Вести / Apple и Hyundai заедно ќе произведуваат автономен автомобил

Apple и Hyundai заедно ќе произведуваат автономен автомобил

Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai и американскиот технолошки гигант Apple, наскоро ќе го финализираат договорот за производство на автономни електрични автомобили, а производните ленти ќе се задвижат за три години. Преговорите помеѓу двете компании се во полн ек, и се очекува до март да бидат утврдени сите детали.

Автономните автомобили како резултат на заедничката соработка, ќе се произведуваат во фабрика во САД, со која ќе управува подружницата на Hyundai. Планирано е веќе во 2024 година, на пазарот да се појават речиси 100.000 возила, три години порано отколку што тоа беше истакнувано во претходните извештаи и прогнози.

Веста за поврзувањето на двете компании предизвика силен скок на акциите на Hyundai од речиси 20%.  Акциите на Apple не регистрирале толку значаен раст, но сепак уште на крајот на декември мината година инвеститорите одлично реагирале на веста за овој заеднички потфат.

apple-hyundai1

apple-hyundai2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top