Насловна / Вести / Apple ги претстави очилата за виртуелна реалност

Apple ги претстави очилата за виртуелна реалност

Компанијата Apple го претстави моделот на очила за виртуелан реалност под името Vision Pro, што се смета за најризичен потег на таа компанија уште од претставувањето на првиот модел на iPhone пред повеќе од десет години. Почетната цена на Vision Pro ќе биде 3.499 долари, што е повеќе од три пати од цената на сличниот производ на компанијата Meta, која во моментот е доминантна на тој пазар во формирање.

visionpro1

Очилата на Apple ќе бидат достапни во почетокот на следната година во САД, а во другите земји ќе бидат достапни подоцна во текот на 2024 година.  Apple исто така претстави низа нови производи и функции, вклучувајќи го и 15“ MacBook Air, моќниот чип наречен M2 Ultra, подобрувања на  iOS софтверот и др. Meta во моментот доминира со пазарот на AR/VR уреди, со речиси 80% удел во 8,8 милиони продадени VR очила во 2022 година, според проценката на компанијата IDC за истражување на пазарот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top