Насловна / Вести / Апартманот „Relicário“ во Бразилија

Апартманот „Relicário“ во Бразилија

Апартманот „Relicário“ проектиран е да стане нов дом на двојка што се вратила во Бразил по децении живот во странство. Главниот предизвик за архитектите од бразилското биро CODA Arquitetura  бил да се прошират социјалните области на домот и да се одрази не само гостопримливиот дух на двојката, туку и нивните силни личности.

За да се постигне ова, нивната обемна колекција на бразилска и латиноамериканска народна уметност била земена предвид низ целиот процес на проектирање, станувајќи централен елемент во обликувањето на естетиката на просторите.

Станот сместен во еден од првите објекти во Бразилија, зграда од 1960-тите е значајна по својот основен модул од 3,5 метри, кој овозможува комбинација од единици со две, три и четири спални соби во еден блок. Оригиналната основа на овој стан со четири спални соби веќе содржела пространа дневна соба со двоен модул (7 метри), која е дополнително проширен за време на реновирањето со вклучување на трпезарија и спална соба, со вкупно 14 метри долг простор за живеење.

Оваа голема соба, структурирана според ритамот на оригиналната рамка на зградата, сега содржи две дневни соби, трпезарија и ТВ соба во низа – создавајќи пространо опкружување за друштвени собири со пријатели и семејството. Кујната може да се интегрира во овој простор преку лизгачки врати со челични рамки и жичено стакло, подобрувајќи го чувството на отвореност и заеднички живот.

Оригиналната структура на зградата е откриена во текот на рушењето, а изложениот бетон сега игра клучна улога во палетата на материјали на станот. Оваа структура е надополнета со масивни прегради од тули, користени за оградување и потпирање на мебел и прикажување на уметничките дела на двојката. Исто така, дизајнирана е и полици по нарачка, следејќи го истиот ритам и модулација како и фасадата на зградата, служејќи како позадина за шарени парчиња од Централна и Јужна Америка.

Во хармонија со оваа колекција, бањите во станот се одликуваат со жива палета на портокалова, зелена и црвена боја, со керамички мозаични подови. Смелите избори на бои, текстурите на ѕидовите и внимателно одбраните предмети му даваат длабочина и богатство на просторот, изразувајќи ја единствената и автентична суштина на жителите.

Испрати коментар

Scroll To Top