Насловна / Вести / Капацитетите за складирање на енергија во Европа, наскоро достигнуваат 100GW

Капацитетите за складирање на енергија во Европа, наскоро достигнуваат 100GW

Складирањето на енергија во Европа бележи забрзан раст од 2020 година, па вкупниот инсталиран капацитет во ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Швајцарија би требало да достигне 100 GW до крајот на ноември. Складирањето на енергија во реверзибилните хидроелектрани има најголем удел во постоечките капацитети, со 50,6 GW, а следуваат батериите со 44,8 GW, се вели во анализата спроведена од страна на консултантската фирма LCP Delta и асоцијацијата Energy Storage Europe.

Се очекува до 2030 година, вкупниот капацитет на сите технологии за складирање на енергија да порасне за 115%, на 215 GW, со годишна стапка на раст помеѓу 20 GW и 25 GW, стои во извештајот под наслов European Market Monitor on Energy Storage. На 01.11.2025 вкупниот капацитет изнесувал 99,3 GW.

Во извештајот се наведува дека 18 милиони домаќинства имаат соларен систем, а 4 милиони од нив складираат енергија во батерии. Продажбата на батерии за домаќинства засега се стабилизира, откако во периодот 2022 – 2023 достигна рекорд, додека опоравок се очекува во 2027 година. Германија има најголем број батериски системи во домаќинствата, околу 2,1 милион, а следуваат Италија, Велика Британија, Австрија и Белгија. LCP Delta и Energy Storage Europe веруваат дека индустријата за складирање на енергија допрва е во подем и дека ќе продолжи да дава значаен придонес во енергетската транзиција на Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top