Насловна / Ентериери / Амстердам доби бар посветен на легендарниот Жан-Мишел Баскијат

Амстердам доби бар посветен на легендарниот Жан-Мишел Баскијат

Во мултикултурната област на исток од Амстердам, отворен е нов „кул“ бар. Иако сите знаеме дека Амстердам е богат со интересни и оригинални места, овој бар се истакнува по тоа што е инспириран од легендарниот американски уметник Жан-Мишел Баскијат.baskijat bar (5)

Барот „Баскијат“ е потпишан од страна на холандското студио „Modijefsky“ и претставува ново атрактивно место за дружење во квартот Amsterdam-Oost, исполнет со мали продавници и интересни пазари. Урбаната атмосфера на источниот Амстердам, послужила како совршена сцена за уметничка визија покрај оригиналните идеи на Жан-Мишел Баскијат, кои се вградени во концептот на новиот бар. baskijat bar (4)

Творештвото на Баскијат се карактеризира со спротиставени бои, текстови и скици кои се меѓусебно испреплетени со извадоци од книги и реченици, директно поврзани со неговиот начин на живот, искуства и чувства. Сето ова се одразува во ентериерот, екстериерот и во графичкото решавање на барот, со употреба на материјали кои се во манир на колаж, споени во смислена целина која претставува интерпретација на творештвото на овој познат американски уметник.baskijat bar (3)baskijat bar (2) baskijat bar

Испрати коментар

Scroll To Top