Насловна / Вести / Шведска ги затвори сите електрани на јаглен

Шведска ги затвори сите електрани на јаглен

Само неколку дена по Австрија, Шведска исто така „стави катанец“ на последната централа на јаглен. Енергетската компанија „Stockholm Exergi AB“ ја затвори фабриката две години порано од планираното.
Првата европска земја што го декарбонизираше производството на енергија во таа смисла беше Белгија. Ги затвори своите електрани со јаглен во 2016 година.

Moscow in pictures
Со затворањето на комбинираната постројка наречена KVV6, производителот на енергија ги намали емисиите на јаглерод диоксид за дури половина.
„Stockholm Exergi AB“ сега се оддалечува од фосилните горива и се пренасочува кон употреба на обновливи и т.н. рециклирана енергија.
Се очекува дека до 2025 година, уште пет земји ќе го „истуркаат“ јагленот од нивната енергетска мешавина – прво Франција во 2022 година, Словачка и Португалија во 2023 година, потоа Обединетото Кралство во 2024 година, по што следат Ирска и Италија во 2025 година. До 2030 година ќе им се придружат уште пет земји: Грција, Холандија, Финска, Унгарија и Данска.
Во Чешката Република, Шпанија и Северна Македонија, во тек е одлука за затворање на електрани со јаглен.
Германија како краен рок ја најави 2038 година, и со тоа нема да ги исполнува одредбите од Парискиот договор.

Испрати коментар

Scroll To Top