Насловна / Вести / „Амазон“ ја изврши првата историска достава со дрон

„Амазон“ ја изврши првата историска достава со дрон

Се случи и тој историски момент за кој во последно време доста се дискутираше кога се работи за иднината на дроновите.

Така, американската компанија за онлајн-трговија „Амазон“ ја изврши првата достава со дрон.

На домаќинство во близина на Кембриџ во Англија од небо пред врата му е спуштен уред за стриминг, како и вреќичка пуканки. Стоката била доставена 13 минути откако излегла од складиштето, после нарачката примена преку Интернет.amazon-dron

Веста за првата достава со дрон ја објавил извршниот директор Џеф Безос. Според британските закони, забранета е широка употреба на дронови за достава, но оваа прва достава претставува историски момент за компании како што е „Амазон“.

Пакетите што може да се доставуваат на ваков начин може да тежат најмногу 2,3 килограми и може да се доставуваат само преку ден, при ведро време.

Од „Амазон“ се надеваат дека еден ден ваквиот начин на достава ќе биде вообичаен, како сега што е доставата со камиони и други возила на четири тркала.

Испрати коментар

Scroll To Top