Насловна / Вести / Висока загаденост во Скопје, Битола, Кавадарци…

Висока загаденост во Скопје, Битола, Кавадарци…

Многу високо ниво на загаденост на воздухот со ПМ10 и ПМ25 утрово е регистрира во Скопје, на сите мерни места, Битола и Кавадарци.

И покрај високото ниво на загаденост, институциите сеуште не реагираат. нема конкретни мерки за да се намали загадувањето на воздухот.skopje-zagadenost

Експертите потенцираат дека две најголеми причини за загадување се печките во домаќинствата и издувните гасови од возилата.

Индустриските капацитети учествуваат со 20 проценти во загадувањето. Загадувањето на воздухот е меѓу првите пет причини за инвалидност и смртност на населението  во македонија.

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека на секои 10 микрограми аеро загадување со ПМ 10 и ПМ2,5 честички, за 10 проценти се зголемува смртноста кај ризичните групи.

Испрати коментар

Scroll To Top