Насловна / Вести / Алжир планира 22GW нови капацитети во обновливи извори до 2030 година

Алжир планира 22GW нови капацитети во обновливи извори до 2030 година

Алжир планира до 2030 година да изгради вкупно 22 GW инсталирана моќност во нови постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори, од кои најмалку 13,6 GW би требало да бидат соларни електрани. Ова лето, Алжир планира да распише тендер за 1 GW капацитети од обновливи извори, а повикот ќе биде поделен на 10 лотови од по  100 MW, со можност за пријавување на проекти со странско финансирање. Од 2022 до 2024 година, би требало да се реализираат уште три тендери, секој со вкупна моќност од 1 GW. Од владата на оваа северноафриканска земја, минатата година е најавена изградба на соларно поле со вкупен капацитет од 4 GW, под името Tafouk 1, кое би се состоело од неколку соларни електрани. Проктот Tafouk 1, според најавите, би бил реализиран до крајот на 2024 година, а инвестицијата е проценета на околу 3,5 милијарди УСД. Истовремено е соопштено дека овој проект ќе му овозможи на Алжир да се позиционира на светскиот енергетски пазар., но и да даде голем придонес во борбата со климатските промени.

tafouk1

tafouk2

 

Испрати коментар

Scroll To Top