Насловна / Ентериери / Афирмација на урбаниот дух во Скопје

Афирмација на урбаниот дух во Скопје

Пред архитектот Пако Радовановиќ од „Радо инженеринг“, поставена е задача да се дизајнира ентериер за стан од 180 метриквадратни во зграда на падините на Водно. Со инвеститорот (млад успешен менаџер) е усвоен концепт – просторот да поседува енергија на панк и сензибилитет на mainstreem jazz. rado inzenering_2

Дизајнираниот простор има гравитациона привлечност која може да ја осетат (вкусат) оние што таму престојуваат, независно од невообичаените принципи на судир на натур бетон, бродски кородиран лим, егзотично дрво, парчиња мебел, со расходовани столчиња, неон и флуо, Мазев, Манев, Бербер, Труикановиќ. rado inzenering_5

Како од опијат стануваш зависен од измешани енергии, елементите на просторот, кои низ процес на визуелна дестилација, формираат автентичен простор. Користејќи ги ефектите на различност, тематски се осмислени комбинации на утилитарно и естетско, по свои шеми и свои мерила. Објектот служи како визуелена рамка за функционирање на „мој-твој’“ простор. rado inzenering_6 rado inzenering_3

Во таа содржина изместено од вообичаени стандарди, реализирани во процес на финализација, свесни за ефектот на конфликтност, добиен е ваков резултат. Конфликтноста, како своевидно дизајнерско приспособување, речиси да досега до димензија на имагинарно.rado inzenering_1

Во изведувачка перфекција, креираните облици се доведени до поставената цел – „мој“ простор. Реализираниот простор со субверзирана стратегија и визуелна игра, го афирмира урбаниот дух, дава слобода на избор и право на идентитет, што беше заедничка цел на инвеститорот и дизајнерот.rado inzenering_4 rado inzenering_7 rado inzenering_8

 Изработил „Радо инженеринг“, Скопје

Фото: Андријана Тилиќ, дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top