Насловна / Вести / ЈП „Исар“ ќе поставува соларни панели на филтер станицата

ЈП „Исар“ ќе поставува соларни панели на филтер станицата

Филтер станицата во Штип ќе добие соларни панели со што ќе троши сопствена струја и ќе заштеди 2.5 милиони денари месечно. На овој начин, штипското комунално претпријатие „Исар” ќе штеди електрична енергија со поставување на сончеви панели во Филтер станицата, која е и најголемиот потрошувач на струја за производство и дистрибуција на водата до домаќинствата.2._П Исар-панели и водомери - ФОТО 2

Директорот на ЈП „Исар”, Ангел Бојаџиев, истакна дека проектот е доставен до Советот на Општина Штип и се бара од советниците одобрение за поставување на сончевите панели за производството на електрична енергија за потребите на Филтер станицата:

– Веднаш по добивањето на одлуката од Советот на Општина Штип почнуваме со тендерската постапка за поставување на панелите, кои се вредни некаде околу еден милион евра. Целата постапка се очекува да заврши некаде за околу три месеци, за отпочнување на инсталирање на овие панели. Значи ова е трет проект на ЈП „Исар”, покрупен проект кој се реализира, другите два проекти како што знаете се поставување на нови водомери за домаќинствата и покривање на Градскиот пазар – вели Бојаџиев.

2._П Исар-панели и водомери - ФОТО 3

Тој забележа дека проектот – инсталирање на сончеви панели на филтер станицата е економски исплатлив, бидејќи во моментов ЈП „Исар” на ЕВН за потрошена електрична енергија им плаќа месечна фактура од 2.5 милиони денари. Со поставувањето на сончевите панели штипското комунално претпријатие ќе ги заштеди овие пари за електрична енергија:

– Според пресметките на претпријатието, неплаќањето на сметки кон ЕВН ќе ја покрие инвестицијата за панелите за околу 25 месеци. Сите средства потоа, наместо за струја, „Исар“ ќе ги реинвестира во подобрување на условите за живот на граѓаните.

2._П Исар-панели и водомери - ФОТО 1

Инаку Штипски „Исар„ веќе ја адаптираше и филтер станицата за прифаќање на површински води, со што истата е опремена комплетно и Штип го реши проблемот со вода за следните 50-70 години. За тоа средства беа обезбедени преку Јапонската банка Џајка а филтер станицата е адаптирани согласно сите стандарди во предвидениот рок.

Инаку, ЈП „Исар“ започна и со поставување на нови дигитални водомери. До крајот на годината треба да се заменат вкупно 11.500 водомери во сите домаќинства во градот. Станува збор за голем проект кој го реализира ЈП „Исар“ и кој вреди 1.670.000 евра. Средствата се грант од Министерството за транспорт и врски, кои ги има обезбедено од Европската банка за обнова и развој.

Со поставувањето на дигитални водомери во домаќинствата, ќе се намалат и загубите на водата низ водоводниот систем, граѓаните ќе имаат измерено точно колкава загуба на вода имаат, а инкасаторите за наплата нема да им влегуваат во домовите.

Испрати коментар

Scroll To Top