Насловна / Интервју / Биро проект – Проектантска куќа подготвена за нови предизвици

Биро проект – Проектантска куќа подготвена за нови предизвици

proektantska-kuka-bp-1.jpgПред десет години на македонскиот пазар на услуги од областа на
проектирање, маркетинг и хортикултура се појави компанијата Биро проект,
членка на групацијата АДИНГ. Започна со работа како мала компанија со
големи идеи, која за кратко време успеа да најде начин да ги понуди
своите иновативни решенија на пазарот. Во текот на своето десетгодишно
постоење, Биро проект континуирано го зголемува бројот на клиенти, како и
на вработени. Вработените во Биро проект денес претставуваат тим кој се
состои од искусни професионалци и млади ентузијасти.

 

Креативци, истражувачи, стратези, кои на најдобар можен начин излегуваат во пресрет на барањата и потребите на пазарот. Десетгодишниот јубилеј е повод за разговор со Вања Дончева Рајатоска, управител на компанијата.

 

 

На пазарот функционирате десет години. Какви се вашите искуства во однос на овој изминат период?

 

Започнавме со тројца вработени пред десет години. Работевме и се развивавме полека со рационално инвестирање во нови вработени. Сега сме тим од десет лица со претежно инженерски кадар. Несебично и со многу труд се посветувавме на секој проект, без оглед на неговата големина. Најважно ни беше клиентот да биде задоволен после секој реализиран проект. Tаа посветеност и професионалност ни овозможи стабилно да зачекориме во новата декада.

 

proektantska-kuka-bp-1.jpg

 

Работите во три различни области – проектирање, маркетинг и хортикултура. Каков е спојот на активностите?

 

Овие три области се тесно поврзани меѓу себе. Во тимот за проектирање работат архитекти и градежни инженери, секој докажан во својот домен на работење. Архитектите се познати по своите високи естетски мерила, па согласно тоа, од голема помош се сугестиите и насоките за дизајн и графичка подготовка на колегите од областа на маркетингот. Нивните дела, претежно изработка на рекламни материјали, маркетинг кампањи, веб дизајни и сл., се одраз на целокупната креатива во Биро проект. Секако, и дветe области имаат уметнички карактеристики во својата материја, така што соработката е навистина одлична и корисна за секоја страна. А работењето во полето на хортикултурното и партерното уредување, со помош на стручно лице од таа област, ја надополнува креативноста на инженерите. Идеите и решенијата се резултат на сродни професии и беспрекорна меѓусебна почит на колегијално и професионално ниво. Тимот што стои зад Биро проект е главната негова одлика за секој постигнат резултат и изготвен проект. Навистина сум горда на вработените и заедно се надеваме на уште многу заеднички успешни години.

 

Во однос на проектирањето, кој е предизвикот за вашата фирма да опстојува на оваа наша архитектонска сцена? 

Тимот што работи во областа проектирање е склоп на млади инженери – архитекти и повозрасни, поискусни проектанти со многу прoекти зад себе. Таквиот состав со неуморни идеи, примена на современи технологии и огромното знаење, односно помошта од повозрасните колеги, е од непроценливо значење кое ретко може да се сретне на нашиот пазар. Во денешно време, квалитетот на проектите не е на соодветно ниво, па затоа сметаме дека времето на квалитетни и издржани проекти допрва доаѓа, а Биро проект и понатаму ќе се докажува со својот квалитет и висока професионалност.

 

proektantska-kuka-bp-2.jpg

 

Со кои проблеми се соочувате најчесто во вашата работа и колку сте задоволни од досега реализираното? 

Во текот на нашето десетгодишно постоење се занимававме најмногу со проектирање за сите фази, но и со реновирање и санација на станови, деловни простории и сл. Најголем проблем е нелојалната конкуренција и невоспостановен ценовник за нашите услуги. Во областа проектирање би требало да се вреднуваат трудовите според параметрите, како што се квалитет, искуство, портфолио на компанијата, стручните доусовршувања, структурата на вработените, роковите и секако цената. За жал, во овој период, последниот параметар игра најголема и најважна улога во одлуката на потенцијалните инвеститори за избор на проектантска компанија. Биро проект е лиценцирана и овластена проектантска куќа, која е подготвена за новите предизвици. Со постепениот раст и развој на компанијата, задоволни сме од нашето богато портфолио.

 

Каква е конкуренцијата на домашниот пазар, и сметате ли дека има доволно или премногу архитектонски бироа и студија, кои го покриваат нашиот терен?

Во Македонија има голем број проектантски студија кои функционираат и тоа ѝ дава поттик на нашата фела. Со посветеност во својот домен, со сериозен и темелен пристап за секој ангажман, со постојано следење на новите трендови и технологии, секоја компанија ќе си го најде своето место на пазарот. Конкуренцијата само ја зголемува нашата желба за поголем развој и успешност во оваа област и секако го подобрува нашиот квалитет, со кој се издвојуваме од останатите.

 

proektantska-kuka-bp-3.jpg

 

Со хортикултурата започнавте да работите последнава година. Има ли оваа област перспектива во нашата земја? Очекувате ли допрва да се развива?

Особено сме горди на започнување една нова област во Биро проект. Хортикултурата отсекогаш сме ја чувствувале како потреба во дооформување на нашите проекти од естетски аспект, особено за објекти каде е потребно вклопување во одредена средина и, секако, создавање амбиент од кој инвеститорот ќе биде воодушевен. Сметаме дека сè повеќе се бараат вакви услуги, особено кога во недoстиг на време, сите ние бараме професионалци и стручни лица кои најсоодветно ќе си го одработат своето. И хортикултурата и партерното уредување се сегменти кои го надополнуваат секој простор, било да станува збор за станбен простор, деловен простор или пак двор, градина, паркови и други видови приватни и јавни површини. И токму затоа нашата определба за оваа област, со комплетна услуга од дизајн до изведба, надзор и консултации од хортикултурното и партерното уредување, ја сметаме за оправдана.

 

Колку ги следите современите архитектонски и дизајнерски решенија и трендови, и колку се тие применливи во вашата работа?

Сите три области во кои работи и дејствува Биро проект бараат постојано следење на најновите откритија и користење на вископрофесионални софтверски програми за проектирање, дизајн и подготовка на графички решенија и веб апликации. Покрај гореспоменатата структура на вработени, дел од нашиот тим вклучува и инженери со графичко и информатичко образование, така што во голема мера ни се олеснува примената на соодветни алатки во дизајнирањето и проектирањето. Со оглед на можностите и потребите, се трудиме секоја година наша екипа да биде присутна на саемот за мебел во Милано – Италија и саемите за градежништво во Германија, така што се обидуваме да го пренесеме нашето стекнато знаење и искуство кон клиентите што знаат да ја препознаат нашата креатива. Биро проект е членка на групацијата АДИНГ.

 

proektantska-kuka-bp-4.jpg

 

Дали за Вас тоа е предизвик кој ве мотивира или пак товар во секојдневната работа? 

Биро проект е членка на групацијата АДИНГ, која освен од матичната компанија АДИНГ е составена и од уште неколку домашни и странски компании (Бизнис Центар Адинг, Инвест А, Адинг Бугарија и Адинг Белград). Оттука, Биро проект ја има одговорноста да го следи растот и развојот на групацијата АДИНГ. Ова од аспект на проектирањето подразбира изработка на техничка документација за континуирано проширување, изградба на нови или адаптирање на постоечките административни и производствени капацитети. Само за илустрација, 2008-2009 година беа изработени, а потоа и реализирани, проекти за нови производствени погони за АДИНГ Бугарија во Перник и АДИНГ Персија во Техеран, Република Иран. Од аспект на нашиот маркетинг сектор, ова подразбира постојано водење, следење и координирање на целокупниот маркетиншки настап на групацијата, што вклучува серија континуирани промотивни активности и ПР операции на групацијата. Секако ова е голема одговорност за нас како компанија, но и предизвик со кој секојдневно се соочуваме.

 

proektantska-kuka-bp-5.jpg

Кои се вашите планови за во иднина? 

 Биро проект и понатаму ќе се труди, пред сè, да се оддржи на овој пазар во овие несигурни и нестабилни времиња, преку ставање акцент на изработка на квалитетна техничка документација, соодветно технички и детално разработени проекти, креативни и иновативни маркетинг решенија, сето ова секако надополнето со огромно внимание, посветеност и сериозност од страна на вработените кон нашите потенцијални клиенти. Поголем акцент наредната година ќе ставиме во развојот на маркетинг секторот, особено на информатичките услуги и онлајн маркетингот, кои се сè повеќе актуелни и барани. Секако, наредната година ќе се трудиме нашите можности и потенцијали да ги реализираме во големи проекти, кои ќе бидат наше идно задолжение и наша огромна мотивација за развој и раст на Биро проект.

 

proektantska-kuka-bp-6.jpg

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top