Насловна / Хортикултура / Зеленилото како составен дел од сообраќајниците

Зеленилото како составен дел од сообраќајниците

zeleniloto-1.jpgОсновната цел на зелените површини, кои се составен дел од
сообраќајниците, е да создадат поволни санитарно-хигиенски и
микроклиматски услови, како и зголемување на естетскиот квалитет на
градското живеење. Со правилно решавање на зелените површини долж
сообраќајнците во градовите се збогатува просторната организација, и се
надополнуваат сите околни објекти за целосно визуелно доживување на
пејзажот.

 

Зеленилото како составен дел на сообраќајниците се среќава на разделните ленти. По средните разделни ленти доминантна улога може да има тревникот, цветни насади или ниска грмушеста вегетација, не повисока од 1,5 m на моменти испрекината, за да се има прегледност за случувањата во спротивната коловозна лента. Кај страничното разделно зеленило, кое служи како еден вид параван помеѓу коловозот и пешачката зона или станбените објекти, најчесто се подигаат линиски насади (дрвореди). Дрворедите претставуваат доминантно зеленило покрај булеварите.

 

zeleniloto-1.jpg

 

Тие можат да се сретнат како линиски насади од дрвја или комбинација од дрвја и грмушки. Во зависност од просторот што е на располагање, тие може да се планираат во поголем број комбинации: еднореден од едната или двете страни, еднореден во комбинација со еден ред грмушеста вегетација, еднореден во комбинација со повеќередна грмушеста вегетација и слично. За жал, кај нас сè уште нема законски пропишани стандарди за проектирање на зелени површини. Како пример за проектирање на зеленилото, како составен дел од сообраќајниците, може да се земат стандардите пропишани од Американската асоцијација за автопатишта и транспорт (AASHTO).

 

zeleniloto-2.jpg

 

AASHTO (American Association of State Highway and Transportation Officials) води политика за геометриски дизајн на улици, а во своето најново издание на "Геометриски дизајн на улици и автопатишта" од 2004 година, е разработена проблематика од аспект на зачувување на прегледноста на раскрсниците, каде што посебен акцент е ставен на позиционирањето на кутиите за весници, кантите за отпадоци, паркинг местата и дрворедите. AASHTO ја препушта употребата на прегледни триаголници на улици, каде што постојат дрвја на улиците, на архитектот на улицата. Со примена на овој начин на проектирање се постигунуваат неколку цели кои во голема мера му помагаат на архитектот, така што ниту еден објект не треба да биде поставен во рамките на прегледните триаголници, со што би се попречило видното поле на возачот.

 zeleniloto-3.jpg

Исто така, се води сметка и на височината на видното поле да не биде попречено. Според одредени испитувања се довело до резултат дека видното поле треба да е чисто на висина од 3,5 стапки (106,7 cm). Според тоа, сите дрвја од дрворедите, паркирани коли и времени објекти, кои би ја попречиле висината од 3,5 стапки (висината на видното поле на возачот), треба да се отстранат од прегледните триаголници.

 

Филип Филипоски, дипл.шум.инж.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top